„Да не се манипулира со маката на тутунарите и да се откупи тутунот по пазарна цена. Ова не смее да ни се повторува речиси секоја година како проблем, мора да има гаранции за овие луѓе. Да се преземе сѐ за да се откупи тутунот во законскиот рок, а потоа да се склучуваат договори за новата реколта“, апелира Јахоски до компаниите кои го вршат откупот на тутун.
Според него, добар пример е решението со лозарите, кога Владата донесе пакет итни мерки за откупот на грозје и даде поддршка за винарските визби.
Оваа година е проблематична во однос на откупот на тутун, а поради големото незадоволство се организираат протести. Годинешнава реколта изнесува околу 23 илјади тони.