Супер лебовите како неизоставен дел од балансираната исхрана

Со зголемената популарност на модерните диети со мало количество јаглехидрати и без глутен, лебот стекна лоша репутација. Но доколку немате сериозни здравствени проблеми и одреден вид алергии, не постои никаква потреба да го избегнувате во исхраната. Напротив, лебот може да биде клучен дел од здравата и балансирана исхрана. Секако дека постојат видови леб што треба да ги избирате почесто, како на пример интегралниот леб од цело житно зрно.

Квалитетниот леб, направен од интегрално брашно, содржи повеќе минерали, витамини, протеини и растителни влакна (особено важни за нормална работа на системот за варење). Бројни се препораките од реномирани нутриционисти ширум светот кои тврдат дека интегралниот леб треба да се консумира неколкупати во текот на денот, во количини кои што му одговараат на поединецот.

Најголемиот производител на леб и брашно во земјава, компанијата Жито lукс, следејќи ги светските трендови во делот на здравата исхрана, со користење цело житно зрно и додавање супер состојки (познати како super foods), какви што се чија, тиква, спелта, овес, хељда и амарант, на пазарот пласираше 3 нови интегрални лебови кои се без конзерванси, палмина мас и додадени шеќери, поради што претставуваат идеален избор за балансирана исхрана.

Балансираната исхрана инаку е основен фактор за оптимален раст и развој на човечкиот организам и директно влијае на неговото правилно функционирање. За жал, денешната исхрана кај повеќето од нас се карактеризира со нередовни и недоволно балансирани оброци коишто се главен причинител за болестите на модерното време. Бидејќи правилната исхрана има големо влијание врз здравиот начин на живот, не е тешко да поставите основни правила и да се придржувате до нив за да може да го одржите здравјето и да се чувствувате пријатно во вашето тело.

За да обезбедите балансирана исхрана, идеален избор се новите лебови на Жито lукс: Интегралниот леб со супер семки - чија и тиква, Интегралниот леб со супер житарки -  и’зртена спелта и овес и Интегралниот леб со супер зрна - хељда и амарант. Направени се по едноставна рецептура која во својата основа има исклучиво 100% целозрнести состојки, дополнително збогатени со супер  семки, зрна, житарки  и маслиново масло за уникатно уживање во здрав и балансиран оброк.

Доколку сакате да го подобрите светот, започнете од себе, започнете од исхраната. Нутритивно вредната и балансирана исхрана во правилна количина е суштина на здравите навики и здравиот живот.

 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе