Извршена е промената на сопственоста на Охридска банка

По утврдување на успешноста на понудата за преземање на акции издадени од Охридска банка АД Скопје од страна на Штаермеркише банка и Шпаркасен АГ, денес беше извршена и промена на сопственоста на Охридска банка АД Скопје.

Имено, Штаермеркише банка и Шпаркасен АГ ( Steiermärkische Bank und Sparkassen AG) друштво организирано согласно австриското право, со седиште на Sparkassenplatz 4, 8010 Грац, Австрија, се стекна со 472.839 акции и 91,5733% од гласачките права.

Сосиете женерал групацијата, друштво организирано според француско право, со седиште на 29 boulevard Haussmann, 75009 Париз, Франција, ги продаде сите 384.844 акции издадени од Охридска банка АД Скопје и со тоа своето учество во акционерскиот капитал во банката го сведе на 0 акции.

Охридска банка АД Скопје останува стабилен чинител во банкарскиот сектор, партнер на македонската економија, поддржувач на бизнисите, банка посветена на сите свои клиенти и вработени и банка ориентирана кон заедницата.

Деталите за преземањето на Охридска банка АД Скопје од страна на Штаермеркише Банка и Шпаркасен АГ, како и идните планови на банката ќе ѝ бидат официјално презентирани на јавноста на 8 ноември.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе