Извлечени првите 50 добитници од големата наградна игра Кит-Го и Тера маркети

Преку наградната игра „Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети" големиот ланец ги наградува своите верни потрошувачи.

Со многу забава, дружење и насмевки се одржа првото извлекување од големата наградна игра на Кит-Го и Тера маркети. На првото извлекување беа доделени над 50 награди, вклучувајќи 6 летувања во Тасос, Халкидики и Крф, две патувања во Прага, Истанбул и Будимпешта, како и еден скутер, три велосипеди и 40 вредносни ваучери од по 2.000 денари. Во Кит-Го маркетот во Струмица каде водител беше Жарко Димитроски, заштитното лице на оваа наградна игра, за сите посетители беше приреден одличен забавен настан.

„Пред сè, сакам да им се заблагодарам на сите учесници во наградната игра, ‘Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети’, и да им честитам на среќните добитници. Со овој прв дел од наградната игра, се надевам дека Кит-Го и Тера маркети покажаа дека знаат и умеат да им се заблагодарат на своите лојални и редовни потрошувачи, а со нови изненадувања и награди се гледаме набрзо во Неготино“, изјави Александар Попов, комерцијален директор на Кит-Го маркети.

Наградната игра „Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети“ продолжува и понатаму, а следното извлекување на награди е закажано за 9 јули во Неготино. Сите оние кои сакаат да учествуваат во оваа наградна игра, сè што треба да направат е со сметка од минимум 300 денари направена во кој било од маркетите на Кит-Го и Тера да подигнат купон, да соберат пет такви исти купони, да ги залепат на летокот и да го остават во означените кутии што се наоѓаат во сите продажни објекти на Кит-Го и Тера маркети.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе