Извештај на ЕК позитивно ја оцени заштитата на потрошувачите

Европската комисија (EK) и во годинашниот Извештај за напредокот на земјава го потврди доброто ниво на усогласеност на националните политики во областа на безбедноста на храната и благосостојбата на животните.

Постигнат е одреден напредок во ставањето во промет на храната, храната за животни и нуспроизводите од животинско потекло, како и во однос на правилата за безбедност на храната, констатира Комисијата.

Извештајот нотира напредок и во мерките за контрола на болестите кај животните, но останува забелешката за идентификуваните слабости кои се однесуваат на собирањето податоци, нивна анализа и верификација.

Според ЕК, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) повторно е меѓу институциите во државава кои добија највисока оцена.

„Европската комисија и даде висока оцена на АХВ за постигнатото ниво на подготвеност во евроинтеграциските процеси за надлежностите кои ги има во Поглавјето 12 – Безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика за периодот јуни 2021- јуни 2022 година, вбројувајќи ја меѓу институциите во државава кои добија највисока оцена. Во однос на нашето работење, ЕК оценува дека Агенцијата ја врши својата работа согласно стандардите за управување со квалитет. Во однос на заштитата на потрошувачите, пак, позитивна е оценката дека нашата институција има преземено мерки за заштита на потрошувачките права преку решавање на жалбите на потрошувачите“, вели за МИА директорот на АХВ Николче Бабовски.

Тој нагласува дека хигиенските правила на ЕУ за производство на храна обезбедуваат високо ниво на безбедност на храната.

Земјава, оценува Комисијата, има добро ниво на подготовка во областа на безбедноста на храната и ветеринарната политика. Постигнат е одреден напредок, особено во подобрувањето на здравствената заштита кај болестите на животните. За наредната година се препорачува државата да спроведе натамошно усогласување на законодавството за официјални контроли со новото законодавство на ЕУ за оваа област, а се препорачува и зајакнување на капацитетите за анализа на податоци во АХВ, објаснува директорот.

За општите правила за безбедност на храната, Македонија, според ЕК, подготви измени на Законот за безбедност на храна усогласен со ЕУ акито за официјални контроли, а Националниот систем за брзо предупредување за храна и храна за животни, како и системите за внатрешна ревизија и обука на Агенцијата се оперативни.

„За ветеринарната политика, оценува Комисијата, имплементирачката легислатива за благосостојба на животните за време на колење е усогласена со правото на ЕУ. Преку системот за контрола на увозот, АХВ обезбедува редовно ажурирање на заштитните мерки на увозот и барањата за увоз на живи животни и производи од животинско потекло. Во однос на здравјето на животните исто така е нотиран напредок за АХВ, во делот на усогласување на националното законодавство со новото законодавство на ЕУ“, потенцира Бабовски.

Комисијата оценува и дека АХВ спроведува програми за надзор за класична свинска чума, африканска свинска чума, чвореста кожа, беснило, како и за надзор на болестите кај акватичните животни, но, треба да се подобри собирањето, верификацијата и анализата на податоците.

АХВ, стои во Извештајот, продолжи со спроведување на Програмата за мониторинг на антимикробна отпорност. Националната програма за мониторинг за 2022 година за контрола на резидуи од ветеринарно – медицински препарати и контаминенти кај живи животни и храна од животинско потекло е во согласност со акито на ЕУ во однос на говедата, овците/козите, свињите, живината, аквакултурата, млекото, јајцата, дивечот и медот.

„АХВ  продолжи со спроведување на Акцискиот план за благосостојбата на животните. Постигнат е одреден напредок во ставањето во промет на храната, храната за животни и нуспроизводите од животинско потекло со усвојување на секундарното законодавството,  со цел усогласување со правото на ЕУ. Ревидираниот Закон за нуспроизводи од животинско потекло се уште не е донесен, оценува Комисијата, додека Правилникот за максималните нивоа на пестициди во или на храната од растително и животинско потекло е донесен, дополнува Бабовски“, осврнувајќи се на Извештајот.

Оценка на Комисијата е и дека  е постигнат одреден напредок во однос на правилата за безбедност на храната. Законодавството, потврдува ЕК, беше усогласено со ЕУ акито во однос на адитивите, материјалите кои доаѓаат во контакт со храната и максималните нивоа за одредени контаминенти во прехранбените производи.

Агенцијата продолжи со спроведување на Програмата за мониторинг на безбедноста на храната, но, податоците треба дополнително да се анализираат, оценува Европската комисија.

Во Извештајот се наведува и дека во однос на специфичните правила за храна за животни, законодавството е усогласено со европското поврзано со адитивите за храна за животни, а АХВ спроведува програма за мониторинг на нејзината безбедност. 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе