Изработен е агроеколошки информативен систем кој нуди информации за карактеристиките на земјиштето

Македонските земјоделци честопати немаат информации за тоа кои култури најдобро успеваат во одредени региони што е еден од главните предуслови за зголемување на приносите и подобрување на квалитетот на производот.

Токму затоа во изминатите две години во соработка со Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации – ФАО се работеше на проект со кој се анализираа 10-те најзастапени земјоделски култури во земјава во различни географски региони.  Изработен е и агроеколошки информативен систем кој е бесплатен, а нуди информации за карактеристиките на земјиштето, како што се квалитетот на почвата, климатските услови, приносите и профитабилноста…..

Според Ченг Фанг од ФАО, македонското земјоделство е еден од најзначајните економски сектори во земјава, но тоа се одликува со помала продуктивност во однос на просекот во Европската унија.

„Македонското земјоделство има направено голем напредок во многу области, но продуктивноста и приносите на одредени култури се се уште на ниско ниво во споредба со другите европски земји. Имаме разновидност во поглед на земјоделството и културите и тие се доста конкуретни, но имаме и области и делови кои не се толку. Еден од резултатите кои беа направени е дека имаме локална детална анализа за тоа каде има најголем потенцијал за производство“, изјави Фанг по денешната презентација на резултатите од проектот за агро-еколошко зонирање за продуктивно земјоделско производство.

Препораките од проектот, според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, се важни за креирањето на идните земјоделски политики.

„Опфатени се подрачја на целата територија и направени се повеќе мапи каде се земени предвид квалитетот на почвата и климатските промени со цел да се дојде до една оптимална препорака до самите змејоделци и бизнис секторот кои подрачја се најпогодни за одредена земјоделска култура да ги даде максималните резултати“, рече Димковски, додавајќи дека она за што можеби треба да се размисли во иднина е дополнителните субвенционирања да одат по реони.

Во рамки на проектот беше направена проценка на земјишните ресурси заснована на почвени, теренски и климатски карактеристи и се даде приказ на производствените и економските капацитети на 10-те најзастапени земјоделски култури низ различни географски региони во земјава.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе