Министерство за финансии

Издадени 93 милиони евра државни хартии од вредност

Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност запиша 5,724 милијарди денари (93,1 милиони евра), од кои утре ќе врати 4,727 милијарди денари (76,9 милиони евра), а на 26 март една милијарда денари (16,3 милиони евра), по основ на стари долгови од порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност. Со ова, нема нето задолжување со оваа аукција, информираат од Министерството.

На аукцијата биле запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 4,124 милијарди денари со камата од 1,20%, 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 600 милиони денари со камата од 1,60 отсто и тригодишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од една милијарда денари со камата од 1,80 отсто.

„Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои утре се отплаќаат се 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 4,621 милијарди денари со камата од 1,85 отсто и петгодишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 106 милиони денари, со каматна стапка 5,15 отсто. Дополнително, на 26 март достасуваат тригодишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од една милијарда денари со камата од 2,65 отсто. Односно, каматните стапки на државните хартии од вредност кои се отплаќаат се двојно и тројно повисоки од сега издадените“, велат од Министерството за финасии.

 

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе