Интервју

Иван Петровски од „Фершпед“: Успешниот лидер знае дека во тимот секој е важен

Со овој концепт на функционирање на Советот за високо образование и стратешки истражувања му помагаме на стопанството и овој модел не е замена за високото формално образование, туку со него ќе се настојува преку практична настава да се создаваат лидери, да се зголемат вештините за водење на бизнис, вели во интервјуто за „Фокус“, Иван Петровски, генерален менаџер во Фершпед и член на Собранието на СКСМ.

„Со конституирањето на четири нови совети продолжува просецот на суштинска трансформација на Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) наречен „Комора на иднината“ во пресрет на 100 – годишнината од нејзиното постоење.

Крајниот резултат треба да биде сосема нов концепт на високото и средното образование кое ќе формира кадри, потребни на бизнисот, кои ќе ги отворат процесите на дигитализација, индустриски дизајн, телекомуникации како и формирање на берза на трудот, доследно имплементирање на системот на дуално образование и подигнување на капацитетите на арбитражата, медијацијата и судот на честа“, вели Петровски како еден од предавачите на модулот Практични аспекти на работењето на малите и средни бизниси и член на Собранието на Стопанската комора, претседател на Македонската транспортна асоцијација, член на Американската комора во Скопје и член на Европската бизнис асоцијација.

Главната порака што ја испраќа до младите лидери е дека во тимот секој е важен, а без стручен тим, тим од доверба, не може да се оди напред . Потребата да се размислува стратешки.да се биде постојано блиску до потребата на корисникот на производот или во случајот на Фершпед до корисникот на услугата е посебно важно бидејќи покрај цената и квалитетот, размислувањето за проблемите на партнерите и пронаоѓање на решение на истите е многу  важно за добивање и задржување на клиентите.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе