Итно формирање на нова влада и сет антикризни мерки, бараат работодавачите

Организацијата на работовачи бара брзо формирање на Влада, со цел да се донесат нов сет антикризни мерки. Претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров вели дека посебно на удар е текстилната индустрија.

Бизнисот со шиење заштитна опрема и маски стагнира, а работодавачите алармираат  дека  на голем број конфекции им се заканува затварање во октомври поради намалената побарувачка од нивните традиционални партнери. Се жалат дека сега се оставени сами да се справуваат кога голем дел од работниците се дома. Или се позитивни на коронавирус или се во изолација.

Димитров вели дека мора да се донесат сет мерки, со цел да се зачуваат работните места, при што една од мерките по примерот на Германија е трошоците за работниците за четири часа да ги подмирува работодавачот, а останатите четири часа државата.

Анализата на Кластерот за текстил покажа дека е можно отпуштање во овој сектор, посебно ако пандемијата со овој интензитет продолжи до крајот на годината. Тоа и догодина би значело помала ликвидност, а повеќе изгубени работни места. Дел од штипските текстстилци уште во јули ја најавија можноста бројот на вработени во оваа гранка да се преполови.

Димитров потенцира дека добро е што се објавија имињата на фирмите кои ги злоупотребијa парите за работниците, а како што вели, списокот покaжува дека големите текстилни компании немаат направено вакви злоупотреби.

Тој додава дека бараат Владата преку електронскиот систем за исплата на плати строго да контролира дали парите стигнале до вработените и јавно да ги објавуваат сите што направиле злоупотреби. Но, бараат и прецизни одредби за да нема манипулации.

Поради коронавирусот во источниот регион од државата во различни периоди повремено беа затворени над 20 текстилни фабрики. Најголемиот дел во Штип, а останатите во Свети Николе и Пробиштип. Поради алармантната ситуација во Штип дел од конфекциите од 1 август се на колективен годишен одмор. Голем дел од нив со работа стартуваат од утре.

МИА

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе