ИТ заедницата се вклучи во градењето на Скопскиот стартап Лајка

Пред неколку месеци, тим од ИТ професионалци го соопшти основањето на компанијата Лајка (Laika) со идеја да го поврзат балканскиот ИТ сектор на една платформа. Со процеси прилагодени за ИТ индустријата, платформата им помага на ИТ професионалците од Македонија, Србија, Бугарија и Хрватска да пронајдат работа која ќе ја сакаат. Од другата страна, им помага на ИМ компаниите да ги најдат новите кадри, но и да научат да ги задржат постоечките.

Стоејќи позади ветувањето дека ќе му помогне на Балканот да стане силен Tech екосистем, Laika побара инпут од ИТ заедницата. Што ги мачи? Кои се проблемите со кои се среќаваат? Како можат да се решат на системски начин?

Заклучокот е дека 70% од ИТ професионалците се пасивни баратели на работа. Тоа значи дека тие веќе имаат работа со која се (можеби) задоволни и не се јавуваат на отворени работни огласи. Доколку им се понуди подобра можност со услови кои им одговараат - ќе ја прифатат.

Но, дел од понудите кои ги добиваат се несоодветни на нивното искуство и вештини, или пак се пречести. Програмерите, а собено оние на сениорски позиции се како пикадо мета. Немаат време да ги менаџираат сите понуди кои ги добиваат и не им се допаѓа кога добиваат несоодветни понуди - алудирајќи дека претставниците од компаниите се несериозни бидејќи не истражиле доволно.

Функционалностите на платформата беа развиени со тестирање на неколку верзии. За почетниот прототип дадоа фидбек повеќе од 300 луѓе, и голем дел од фидбекот беше усвоен.

Во претстојната фаза платформата ќе се догради. Достапни функционалности во моментов:

-          Job board: Излистани се 50+ огласи на дел од најдобрите ИТ компании од Балканот. Регистрирани се 100-на компании чии огласи се во подготовка.

-          Портфолио: Корисниците прават анонимно портфолио за 2 минути. Во моментов на Laika има повеќе од 6000 ИТ професионалци.

 

Следни функционалности: Компаниите им аплицираат на талентите, Персонализирана компаниска страница, Аналитика и Едукативен дел за HR менаџерите и регрутерите.

Покрај ИТ (IT) професионалците, во градењето на Laika се вклучија и IT компаниите. Во тестирањето учествуваа 18 компании, а првичната верзија ја усвоија околу 100 компании.

Наскоро ќе се случи и првиот бесплатен ‘Laika, meet the future’ настан преку кој компаниите ќе ‘вратат вредност назад’ во ИТ заедницата преку едукација и споделување.

„Идејата за Laika, е да биде повеќе од само job board. Ќе стане централизирана платформа на ниво на Балканот за работа, кариера, едукација, заедница и вмрежување - и на ИТ професионалци и на компании. Затоа ја вклучивме заедницата во градењето платформата - за да направиме нешто што ќе им користи”, велат од Laika.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе