Истражување на ЦГК

Исполнети се условите за разрешување на 15 директори на јавните претпријатија за нетранспарентност

Просечното ниво на транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост, што подразбира исполнување на законските обврски и добрите стандарди, изнесува 41% од можни 100%. Транспарентност и отчетност на претпријатијата бележи напредок во однос на 2018 година кога изнесуваше 28 %, се вели во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост за 2020 година.

„Во последните две години, поголем напредок во транспарентноста имаат претпријатијата основани од општините од оние основани од Владата. Општинските јавни претпријатија имаат просечен раст на транспарентноста од 27 % во 2018 година на 43 % во 2020 година, а претпријатијата на Владата, пак, имаат раст од 31 % на 39 %. Ова ја доведува во прашање доследноста на примената на Стратегијата за транспарентност на Владата на РСМ (2019 – 2021 год.).

Исполнети се услови за разрешување на 15 директори на јавни претпријатија. Имено, Законот за јавни претпријатија (член 24-а) предвидува разрешување на директорот на претпријатието за ненавремено објавување на веб-страницата на претпријатието на тримесечните финансиски извештаи за тековната година, како и на годишната сметка и извештајот за претходната гoдина.

На врвот на ранг-листата со највисоко ниво на исполнување на обврските 82 % повторно се наоѓа Јавното претпријатие за државни патишта, а на дното повторно е АД  Градски трговски центар со 16 % исполнување.

Една третина од претпријатија не ги објавуваат ниту имињата на членовите на управните и надзорните одбори. Додека пак објавувањето на биографиите на членовите на овие управувачки органи е практика само на 13% од претпријатијата.

Ниту едно претпријатие не објавува информации за одржаните седници на управните одбори.

Оперативен извештај за работењето во претходната година објавиле само 43 % од претпријатијата, а финансиски отчет е објавен од страна на 57 % од претпријатијата.

Само една третина од претпријатијата го објавиле ревизорскиот извештај за 2019 година, што во согласност со законските обврски морале да го имаат, и го доставиле до Централниот регистар до 30 јуни.

На дното на оваа листа се АД Водостопанство на Македонија, Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје, АД М-НАВ, АД Пошта на Македонија АД Државна лотарија, Јавно комунално претпријатие Дервен Велес, Јавно комунално претпријатие Тетово, АД Градски трговски центар – Скопје.
На врвот се Јавно претпријатие за државни патишта, ЈП Комунална хигиена Скопје, ЈП Водовод и канализација – Скопје, ЈП Улици и патишта – Скопје, Железници, Македонија Транспорт АД, Јавно претпријатие Паркови и зеленило Скопје.

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе