Животното осигурување за деца вклучува две компоненти - осигурување и штедење, така што родителите, како и потесното семејство, можат да го договорат за децата и за внуците, за да им помогнат да ги направат првите сериозни чекори во натамошниот живот. Вредноста на детското штедно осигурување никогаш не старее и не се губи, за разлика од сите материјални вредности што би ги купиле. Затоа што побрзо треба да се склучи договор за детско осигурување, за да можат да се акумулираат повеќе средства во текот на годините.
„Кроациа осигурување - живот“ ви нуди безбеден начин да создадете капитал во насока на обезбедување најдобра едукација на своето дете. Со склучување на Коко-полисата од најрана возраст на своето дете, испланирајте ги заштедите и исплатите за негово образование, на начин приспособен на образовното патување. Со оглед на зголемените трошоци за образование, осигурувањето се наметнува како нужност за навремено постепено планско штедење.
Комерцијален текст
Коко инвест осигурување на животот претставува единствена можност да ги осигурите своите најмили од ризиците што ги носи детската игра и притоа да заштедите за нивната иднина. Ексклузивноста на овој производ се состои во поврзаноста на штедната и осигурителната компонента. Се работи за полиса согласно со вашата потреба, која овозможува временски и просторно неограничено осигурување, со можност за остварување атрактивен принос со умерен ризик и професионално управување со средствата на фондот.
Корисници на Коко инвест можат да бидат деца од едномесечна возраст, па сè до 13 години (максимум до 25-годишна возраст на детето). Минималната премија за повеќекратна уплата изнесува 300 евра, додека минималната премија за еднократна услуга е 2500 евра. Постои и можност за избор на динамиката на плаќањето и сумата што се уплаќа. Исто така, детето е единствен корисник на средствата, и осигурувањето е временски и просторно неограничено.
Дополнителни бенефиции се можноста за зголемување на осигурената сума во висина од 3 процента за постигнат одличен успех во средно образование, како и двојна осигурена сума при несреќен случај на двата родитела на осигуреникот истовремено и исплата на осигурената сума во случај на несакани последици за договорувачот. Постои и опција за вклучување дополнителни компоненти за осигурување: дополнително осигурување во случај на незгода/повреди и дополнително осигурување во случај на операции. Полисата опфаќа и осигурително покритие на ризикот од смрт на осигуреникот предизвикан од ковид-19.