Исплатени субвенциите за одгледани и заклани говеда

На 242 лица им се исплатени 5.082.000 денари или над 81.000 евра, за мерката одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

„Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, кога имаат потреба од свеж капитал за новата реколта и новото производство“, вели директорот на Агенцијата, Николче Бабовски.

Според него, како што се обработуваат апликациите за добивање субвенции со Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, така ќе следи и исплата по мерки соглaсно планираниот календар за исплата.

Од крајот на минатиот месец до денеска Платежната агенција исплати преку 30,5 милиони евра од кои на 26.300 одгледувачи на житни култури 5,5 милиони, 16 милиони евра легнаа на сметките на одгледувачите на обележани грла кози, овци, говеда и несилки, додека околу девет милиони евра добија над 15.000 лозари.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе