Искусниот менаџер Дан Тимотин нов директор на Скопска пивара

Нов генерален директор на „Пивара Скопје“ е Дан Тимотин, кој доаѓа на оваа функција од позицијата менаџер за продажба за Романија.

Тој го наследи Владимир Косијер, кој заминува на нова раководна функција во системот на „Кока Кола ХБЦ“, како менаџер за продажба за Русија.

Од компанијата информираат дека Тимотин е искусен менаџер кој уште од 2011 година, ја гради својата професионална кариера во системот на „Кока Кола ХБЦ“, извршувајќи различни лидерски функции во секторите за финансии и продажба.

„Доаѓањето на чело на тимот на „Пивара Скопје“ е голем предизвик за мене, на кој јас искрено се радувам. Свесен сум за досегашната богата традиција, извонредните успеси и големиот придонес и значење што оваа компанија го има за целата земја. Лично се уверив и во високите квалитети што ги поседуваат вработените во „Пивара Скопје“, изјави Тимотин.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе