Инвестиција од 50 милиони евра во железницата, првиот кинески вагон пристигнува следното лето

Министерството за транспорт и врски денеска потпиша договор вреден 50 милиони евра за набавка на нови вагони и локомотиви, за обновување на инфраструктурата и рехабилитација на старите возови.

Македонски железници и македонската Влада денеска го потпишаа договорот со кинеската компанија ЦСР (CSR), според кој летото наредната година треба да пристигне првиот вагон. Во првиот циклус на инвестиции кој изнесува 25 милиони евра, ќе се набават 4 дизел и 2 електро моторни  гарнитури.

„Владата планира голем инвестициски циклус во Македонската железница со изградбата на пругата кон Бугарија, реконструкцијата на железницата во Скопје како и набавката на нови вагони. Во следните четири години планирани се инвестиции од 250 милиони евра за трансформација и реорганизација на македонскиот железнички сообраќај. За набавка на нови патнички вагони предвидени се 25 милиони евра, за товарни вагони 15 милиони евра и 10 милиони евра се за рехабилитација на веќе постоечки возови“, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески.

Целосниот договор со кинеската компанија треба да се реализира до крајот на следната година.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески информираше дека 25 милиони евра за подигнување на услугите во патничкиот железнички сообраќај се обезбедени во соработка со Европската банка за обнова и развој.

„Започнуваме со креирање на нова слика за железничкиот транспорт во Македонија. Ќе направиме модернизација на железничката инфраструктура со квалитетен, ефикасен и ефективен превоз со модерни возови.Ова е долг и очекуван процес, бидејќи последниот воз бил набавен пред 35 години“, рече министерот Јанакиески.

Новите вагони ќе бидат со капацитет од 1.200 патници, ќе бидат климатизирани, енергетски ефикасни, безбедни и направени според последните стандарди.

Кинеската компанија e една од водечките компании во Кина во оваа област, продава услуги во преку 80 земји и региони во светот. Лани оваа компанија оставрила приход од 16 милијарди американски долари, а има склучено договори со клиенти во вредност од две милијарди долари.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе