Во ТИРЗ 2

Инвестиција на „Алмак“ и „Дура аутомотив системс“, ветуваат над 70 работни места и бруто плати до 2.000 евра

Јужнокорејската компанија „Алмак" и американската компанија „Дура аутомотив системс" денеска во ТИРЗ 2 во Скопје го означија почетокот на заедничката инвестиција во С. Македонија.

Инвестицијата е вредна околу 30 милиони евра кои ќе бидат вложени во изградба на современ објект во кој ќе се произведуваат лесни профили за автомобилската индустрија. Планирано е фабриката да се изгради на површина од 80 илјади квадратни метри и да почне со работа од следната година. Се очекува да се отворат над 70 работни места, а бруто платата за висококвалификуваните кадри ќе биде околу 2.000 евра.

„Ова е уште една потврда за добрите економски политики што ги креираме. Создаваме предвидлив деловен амбиент за инвестиции, извоз, добро платени работни места, а со тоа и раст на економијата. Нашите заложби како Влада се да помогнеме во креирање на добро платените работни места и во таа насока во новата инвестиција се очекува просечната бруто плата да изнесува околу 2.000 евра“, подвлече премиерот Зоран Заев.

Просечната бруто плата за најслабо квалификуваните кадри кои ќе работат во фабриката, според Заев, ќе биде 889 евра или просечна нето плата од 580 евра.

Според новите инвеститори, клучни причини поради кои се одлучиле да инвестираат во земјава се стабилниот деловен амбиент, работната сила, инфраструктурата и поддршката што Владата им ја дава на странските инвеститори.

„По истражувањата во многу земји, одлучивме првиот капацитет да го изградиме во Скопје. Изградбата ќе се направи за 12 месеци со модерен дизајн на 80 илјади квадратни метри“, рече Џунпајо Парк, претседател и извршен директор на новата заедничка компанија.

Јужнокорејската компанија, како што изјави нејзиниот основач и директор Сојун Парк, ја користи зелената електрична енергија во процесот на производство и 100 проценти ги рециклира остатоците при процесот на производство.

„Ова ново партнерство не симболизира само бизнис, туку спој на две култури, учење на еден од друг и можност да се создаде подобар свет. Ќе работиме на градење успешна приказна со која ќе се гордееме сите“, порача Парк.

Од почетокот на годината, вкупниот обем на инвестиции кои почнуваат или се во финална фаза на подготовка е над 120 милиони евра со кои се очекува да се отворат повеќе од 2.000 работни места и да се генерира дополнителен извоз над две милијарди евра.

 

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе