Интервју

Стефан Николиќ: Камео такси го вози цело Скопје 3 дена гратис

Камео, најдоброто такси во регионот започнува со превоз на патници во Скопје. Камео ќе биде компанија во која клиентите ќе уживаат во користењето на Камео услугите, а луѓето ќе сакаат да се вработат. 

Стефан Николиќ е извршен директор на Камео група Македонија, кој доаѓа на оваа позиција од висока менаџерска функција од Банкарскиот Сектор, при што, со амбициозен план и дефинирана стратегија, како и знаење и поддршка од Камео групацијата која работи во 5 држави и повеќе од 40 градови, верува во целосен успех на Камео на македонскиот пазар.

Имајќи ја предвид неговата посветеност за остварување на поставените цели, како и неговите професионални квалитети, сигурен е дека Камео ќе биде компанија од која граѓаните со задоволство ќе ги користат услугите за превоз, но и во која луѓето ќе сакаат да се вработат, затоа што Камео е креиран според високи европски корпоративни стандарди по принципот „од луѓе за луѓе“.

„Со Камео, европскиот квалитет на давање на услуги во такси дејноста преку понуда на еколошки, поволен, достапен, квалитетен и безбеден превоз, како и европските услови за работа и корпоративната култура ќе ги донесеме овде “, вели Стефан Николиќ, извршен директор на Камео група Македонија.

Кога започнувате со оперативно работење?

Одбројуваме и со нетрпение очекуваме да започнеме со оперативно работење и одблизу да се запознаеме со граѓаните на Скопје и сите останати граѓани кои доаѓаат во главниот град со цел да им понудиме најдобри услуги и најквалитетен превоз по најповолни цени. Веруваме дека нашиот квалитет и високите стандарди кои што ги имаме поставено на ниво на цела Групација како единствена такси компанија во ЕУ со ISO 9001 сертификат, ќе донесат нова димензија и нов квалитет во такси превозот во Скопје како што доликува за една метропола. Официјално нашиот почеток ќе биде во четврток на 20.08.2020 година, при што цели три дена од 20 од 9,20 часот до 23 август до 6 часот, Камео такси ќе го вози цело Скопје гратис, односно нема да наплатува за дадените услуги во висина од 200 денари по возење во рамките на градот. Затоа, ги повикувам и поканувам сите граѓани на Скопје заедно да започнеме една успешна приказна во која тие ќе уживаат во користењето на нашите услуги, а ние ќе направиме се да бидат задоволни со превозот до нивната дестинација на најдобар и најквалитетен начин. 

 

Како може корисниците да ги нарачаат вашите услуги?

15 777 е бројот на кој што може да не добијат корисниците на нашите услуги каде што 24 часа секој ден во годината нашиот кол центар тим стои на располагање за сите наши клиенти, подготвен да одговори на сите нивни барања и да ги опслужи на најбрз и најпрофесионален начин. Исто така, функционален е и телефонскиот број 02/2 777 666, кој генерално е наменет за корисници на нашите услуги кои доаѓаат од странство, а кои со нивните телефонски броеви не можат да го повикаат нашиот специјален скратен број. Сепак, наша најголема компаративна предност и наша најкористена алатка за нарачка на такси услуга и возила е постоечката подобрена апликација која всушност нуди многу можности и тоа: од нарачка на возило, промена на дестинација во текот на возењето, до оценка на возачот и директно плаќање преку самата апликација. Затоа, им препорачувам на сите наши потенцијални клиенти да ја симнат Камео апликацијата и да уживаат во нејзините придобивки и можности и да нарачаат возилo и услуга на најпрактичен и најзабавен начин.

Камео ќе биде првото зелено такси во град Скопје – што значи тоа за неговите жители?

Камео како водечки такси превозник во овој дел од Европа, од 2006-та година континуирано поставува високи стандарди во секој аспект на своето работење, па така и од аспект на еколошката свест и заштита на животната средина. Во таа насока, токму Камео ќе биде првото и единствено ,,зелено‘‘, односно еколошко такси на улиците на Скопје. Имено, на ниво на цела Камео групација, покрај тоа што сите наши возила се нови, истите возат на плин (LPG) кој е еколошки прифатлив. На македонскиот пазар, такси возилата на Камео ќе возат на енергетски многу поефикасниот гас метан (CNG), кој, по електричната енергија е еколошки најприфатливо погонско гориво. Со оглед на тоа што Скопје спаѓа во редот на најзагадените градови, Камео порачува дека токму неговите ,,зелени‘‘ такси возила ќе придонесат како во подобрување на квалитетот на воздухот, така и во квалитетот на животот во градот генерално.

Камео нема да запре тука од аспект на заштита на животната средина, туку напротив, веќе постигна електрификација на флотата во Словенија како пилот проект, при што таквата пракса планираме во блиска иднина да ја спроведеме во сите земји каде што Камео работи, а со крајна цел да постигнеме нула емисија на загадување и здрава животна средина. Според тоа, Камео е високо општествена одговорна компанија со која сите заедно ќе се „возиме зелено“ за наша подобра и „зелена иднина“.

 

Ќе понудите услуга на сосема ново ниво, кои ќе бидат придобивките за клиентите?

Услугата за превоз на Камео се води од слоганот кој гласи: „Каде и да одиш, ние одиме во твојот правец“. Ние нудиме, најдобар и најсигурен такси превоз кој ќе можат да го користат жителите на Скопје и нивните гости, 24 часа дневно, 7 дена во неделата. Нови возила, униформирани и професионални возачи со сертифицирана обука во Камео академијата, највисоки стандарди од аспект на хигиена и чистота во возилата, како и највисок степен на безбедносна и здравствена заштита за клиентите, но и за возачите, се наша карактеристика и поставен стандард за квалитет, но и постојан приоритет. Камео вработува возачи со почетна загарантирана нето плата од 400 евра и бонуси за остварувања и инвестира во нивната едукација и лиценцираност, при што креира вистински професионалци подготвени за давање на најдобра услуга на патниците. Во услови на ковид-19 вирусната пандемија, сите наши возила на ниво на цела групација имаат прегради кои го одделуваат возачкиот од патничкиот простор во возилата, при што, покрај постојаната дезинфекција и перење на возилото, можноста за пренос на вируси е сведена на минимум, а степенот на заштита на нашите патници и возачи е највисок. Со тоа, Камео ќе биде првото такси во Скопје во кое здравјето на патниците и вработените е приоритет и на тој начин ќе го олесни животот на сограѓаните во овие ново настанати корона услови.

За нашите патници покрај можноста да се нарача услуга преку кол-центарот и преку Камео апликацијата на ИОС и Андроид смарт телефони, нудиме и бројни погодности, како што се плаќање со картичка преку пост-терминали плаќање преку нашата апликација со поврзување на нивните платежни картички или со паричните средства на нивниот акаунт во самата апликација, што ќе им го направи возењето безгрижно и уште поудобно.

Покрај тоа, ќе понудиме најповолен и најквалитетен корпоративен бизнис ВИП превоз за сите правни лица кои имаат потреба од таква услуга, но и превоз на деца врз основа на договор и согласност од нивните родители.

Какви се идните планови на Камео за македонскиот пазар и генерално за соседните земји од регионот?

Во моментов наша примарна цел е градот Скопје и постепен раст на нашето пазарано учество во дејноста во него, а во блиска иднина постепено ќе ги понудиме нашите услуги и во останатите поголеми македонски градови директно или индиректно преку програмата Камео партнер.

Под лидерство и со визија на Владимир Миновски, сопственикот, основач и извршен директор на цела Камео групација, Камео денес не е само такси превозник, туку нуди и широк спектар на услуги на пазарот и тоа: од урбан градски, меѓуградски и меѓудржавен превоз, корпоративен превоз, премиум превоз за ВИП личности, продажба на франшиза, развој и продажба на ај-ти софтвер и познатата такси навигатор платформа која ја користат повеќе од 13.000 такси возила во светот од Катар до Германија, до продажба на маркетингшки простор на возилата, но и во самите возила.

Камео  е компанија со целосно дигитализирани и автоматизирани деловни процеси, кои резултираат со оптимизирано работење и увид во аналитички извештаи и бази на податоци во живо, што води до висока продуктивност и ефикасност, а со тоа и подобра услуга за нашите клиенти.

За крај што ќе им порачате на граѓаните на Скопје?

Ни преставува огромна чест и задоволство да ви ги понудиме нашите услуги и да станеме дел од вашето секојдневие, а такси превозот со нас да стане достапен како вода што е и наша основна цел. Камео постои од Вас и за Вас и наша најголема награда и сатисфакција е да имаме задоволни клиенти и заедно со нив да создадеме едно големо Камео семејство. Од 20 август (четврток) нарачајте услуга преку нашиот специјален број 15 777 или нашата Камео апликација, а ние со нетрпение очекуваме да се запознаеме со Вас и да постигнеме „љубов на прв поглед“ меѓу нас. Камео тимот ќе направи сѐ да пружи најдобра услуга и да има задоволни патници и клиенти.

За сите наши патници ќе има многу изненадувања и поволности, но за сега не би откривал премногу, а за да ги дознаете први сите Камео информации и акции следете не на нашата  веб страницата или на нашиот Facebook page.

комерцијален текст

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе