Влада

Интервентна набавка на заштитни маски, да се испорачуваат најмалку 2.000 на ден

Испорака на најмалку 2.000 заштитни маски дневно додека трае вонредната состојба е еден од условите наведени во јавниот повик што го објави Владата за интервентна набавка на заштитни маски со цел спречување на последиците од корона вирусот (COVID 19) за време на вонредната состојба (https://vlada.mk/node/20710).

Во Повикот е утврдено дека маските треба да бидат изработени од материјал погоден за производство на заштитни маски на понудувачот или од материјал погоден за производство на заштитни маски обезбеден од Владата на Република Северна Македонија.

„Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни производители кои ги исполнуваат условите од овој повик:

- Испорака на најмалку 2000 маски дневно;

- Маските треба да бидат за повеќе употреби и треба да може да се перат;

- Испораката да се врши за период на траење на вонредната состојба, на различни локации во Скопје;

- Единечната цена по маска да изнесува максимум 40 денари плус ДДВ за маските изработени од материјал за изработка во сопственост на економскиот оператор;

- Единечната цена по маска да изнесува максимум 25 денари плус ДДВ за маските изработени од материјал обезбеден од страна на Владата на Република Северна Македонија;

- За материјалот од кој ќе се изработуваат заштитните маски потребно е да се поседува соодветен сертификат за квалитет издаден од страна на овластена лабораторија“, објави владината прес-служба.

Понудите од овој повик треба да се достават во затворен плик, по пошта или лично до архивата на Договорниот орган на следната адреса: Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје.

Јавниот повик ќе трае 24 часа од моментот на неговото објавување на веб страната на Владата, односно понудите треба да бидат доставени најдоцна до 26.03.2020 година до 15.30 часот. Понудите кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Способноста на понудувачите согласно бараните услови во повикот ќе ја оценува Комисија од 3 (три) члена од редовите на Генералниот секретаријат кои ќе предложат избор до одговорното лице.

Економскиот оператор кој ќе достави понуда и ќе склучи договор, доколку не го исполни предметот на набавката според квалитет и квантитет ќе добие негативна референца за учество на јавни набавки.

За дополнителни информации понудувачите може да се обратат Генералниот  секретаријат на Владата на телефон 02/3118-022.

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе