Инвестиција во Гиновци

„Интернешнал фреш фуд" ќе произведува и извезува пилешко месо

Конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интернешнал фреш фуд" денеска во Гиновци го означи почетокот на својата инвестиција која во следните пет години ќе надмине над 50 милиони евра и ќе се отворат околу 3000 нови работни места. Со инвестицијата се очекува да се намали увозот на пилешко месо во земјава, но и ќе се зголеми пласманот на домашно пилешко место на странските пезари.

Конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интернешнал фреш фуд" денеска во Гиновци го означи почетокот на својата инвестиција која во следните пет години ќе надмине над 50 милиони евра и ќе се отворат околу 3000 нови работни места.

Со инвестицијата се очекува да се намали увозот на пилешко месо во земјава, но и ќе се зголеми пласманот на домашно пилешко место на странските пезари. Од конзорциумот најавуваат можност за пласирање на нивните производи и во синџирот ресторани КФЦ.

„Еден од партнерите во конзорциумот е носителот на франшизата на КФЦ за балканските земји, што обезбедува солидна основа во блиска иднина нашите производи да ги пласираме за нивните ресторани низ Балканот и во Европа", рече Абдулезел Догани, претставник на компанијата.

Инвеститорот планира да изгради сопствена кланица за живина во селото Врапчиште, Гостиварско, како и фарми во Кочани, Штип, Охрид, Струга, Карбинци, Псача и други места низ државата. Во рамки на планот за инвестирање е и отворање на фабрика за производство на храна за животни во Свети Николе, со што ќе се заокружи цел процес на одгледување на пилиња до финален производ.

Премиерот Зоран Заев, кој заедно со министри од економскиот секторприсуствуваше на овој настан, рече дека за првпат во земјава ќе има сериозно производство на домашно пилешко месо со запазување на најсовремените пракси за безбедност на храната.

„На овој начин не само што ќе имаме намалување на увозот на свежо пилешко месо во земјава, кој во моментов изнесува 95 проценти од домашната потрошувачка, туку се отвора и можност да извезуваме надвор на странските пазари", истакна премиерот Зоран Заев, кој заедно со министрите од економските сектори, денеска беше на отворањето на погонот во Гиновци.
Амбициозниот план на конзорциумот, според премиерот Заев, ќе значи и дополнително раздвижување на соработката со кооперантите и домашните производители на репроматеријали.

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе