Според Саша Стојановиќ, сопственик и основач на Термо систем, одговорот на сериозните предизвици кои се рефлектираат и со раст на трошоците за греење и ладење е иновативни системи со висока енергетска ефикасност, но и соодветен изложбен простор потрошувачот да се запознае со понудата на пазарот.
„Мултифункционалноста на нашиот новоизграден изложбен простор одговара на секојдневните барања на купувачите за сите системи на греење и ладење. Тука има место и за оние кои бараат иновативни системи со висока енергетска ефикасност и за клиентите кои уредуваат или инвестираат во деловни или станбени објекти. Во нашата работа се стремиме кон интегрирање на опрема со најнова технологија и работење по највисоки стандарди за квалитет“, вели Стојановиќ.
Македонската компанија Термо Систем, која веќе две децении работи на домашниот пазар, се занимава со увоз, трговија, инженеринг и изведба на инсталации во областа на греењето, ладењето, водоводот и обновливите извори на енергија и работи по принципот „сите решенија и производи на едно место“. За да го реализира ова, Стојановиќ во време на најголемата криза со корона пандемијата и другите глобални предизвици инвестираше во нов продажен и изложбен простор со големина од 6.000 m2.
„Изминативе две децении во бизнисот покажаа дека нема лошо време за добра инвестиција. Нашите купувачи и нашите соработници, речиси дваесет години, работат со нас поради палетата производи на светски брендови и идејните решенија што ги нудиме за греење, ладење, водовод и обновливи извори на енергија. Одлучивме да се преселиме во близина на приватната болница Систина, на улица Скупи бр. 47, заради подобри услови за работа и можност нашите клиенти да дојдат во салонот и да ги погледнат сите производи и решенија што ги нудиме“, вели Стојановиќ.
Неговата визија како основач на компанијата била јасна и остварлива – да добие задоволни купувачи, на кои ќе им понуди квалитетни производи и одлична услуга. Термо систем нуди производи од светски познатите брендови Giacomini, Ariston, Galletti, Fondital од Италија Siemens, Bosch, Wilo, Rothenberger, Аquatherm од Германија, како и многу други производители на опрема во овој сегмент од целиот Балкан.