ИКТ Комората МАСИТ работна средба со претседателот

Информатичарите од Пендаровски побараа креирање на правна и економска рамка за задржување на младите

ИКТ индустријата како една од водечките и најбрзо растечки гранки во државата треба да е во фокусот на националната економска и општествена политика, побараа денеска од МАСИТ на средбата со претседателот Стево Пендаровски.

 

„Во моментов ИКТ индустријата е р'бет на македонското стопанство и токму преку оваа гранка може да се стопира миграцијата на висококфалификуваната работна сила. Тоа пак, од друга страна позитивно ќе стимулира и други индустрии”, изјави Анета Пешева, претседателката на Управниот одбор на МАСИТ.

Претставници на Стопанската комора за информатички и компјутерски технологии – МАСИТ  ја истакна важноста што претседателот ја препознава оваа индустрија како носечка и приоритетна за македонската економија, притоа посочувајќи ги растот и придонесот на ИКТ секторот во вкупниот економски учинок во државата, како и огромниот потенцијал за уште поголем раст во следниот период.  

Пендаровски истакна дека соработката со, и поддршката на ИТ секторот во земјава е од особено значење, бидејќи како што рече „дигитализацијата го движи светот во друга насока и ние мора да се прилагодиме, односно да фатиме чекор“.

„Една од програмите на која ќе дадеме институционална поддршка е партнерството со Британската амбасада, Националниот младински совет и МАСИТ за отворање и работа на МЛАДИХAБ, кој ќе биде сместен во Канцеларијата на претседателот, просторот кој се наоѓа во центарот на Скопје. Со поддршка на оваа програма се надевам дека ќе создадеме мотивирачка средина дека и младите кај нас ќе имаат шанса за успех“, потенцираше претседателот Пендаровски.

Во разговорите на работната средба на која активно земаа збор членките на МАСИТ, страните ги истакнаа своите заложби за стратешко помагање, промовирање и водење на ИКТ индустријата, унапредување на бизнис климата за ИКТ компаниите во државата, потенцирајќи ја важноста на унапредувањето на даночната политика, унапредување на високото образование од техничките науки, стимулирањето на понатамошен развој, како и промовирање на ИКТ индустријата надвор од државата.

 

На средбата се заклучи дека е потребно креирање на правна и економска рамка за забрзан раст на ИКТ индустријата, а преку тоа и мерка за задржување на младите во земјава. 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе