Инертноста на пратениците го врати во игра нелегалниот пазар на eкстра лесното гориво

По неколкумесечно израмнување на акцизата на eкстра лесното гориво и дизелот, како мерка директно насочена кон сузбивање на економските мотиви за користење на екстра лесното во транспорт, неажурноста на Владата и Собранието отвора простор за повторни злоупотреби со ова гориво.

Цените на бензините и дизелот се намалени за два денари, но и цената на екстра лесното падна за околу 12 денари, а според објаснувањето од Регулаторната комисија за енергетика, ова се случува од причина што Уредбата за одредување на скалеста акциза престанува со важност, а измените на Законот со кои тоа требаше да се спроведе, се уште не се изгласани во Собранието, бидејќи нема кворум.

За отежнатиот процес на носење законски измени во Собранието виновни се и пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата, а најголема загуба од тоа имаат буџетот, кој ќе губи по околу 12 денари од литар за екстра лесно гориво, и животната средина поради 100 пати поголемото загадување од литар екстра лесно, кое нелегално се користи во транспортот.

Употребата на екстра лесното гориво е строго регулирано во земјите од ЕУ и регионот, поради неговите негативни ефекти врз економијата и екологијата.

Министерството за финансии и Царинската управа, во својата анализа од април минатата година за ефектите од злоупотребата на eкстра лесното гориво, оценуваат дека „со изедначување на цената на ЕЛ со дизелот ќе се изгуби економскиот мотив за злоупотреби“, но како тоа да не е доволно за пратениците, кои со своето непостапување повторно го отвораат просторот за злоупотреби и задоволување на нечии лични интереси на сметка на буџетот и животната средина.

Следните чекори на пратениците ќе покажат дали доцнењето на законските измени се единствено „бирократски“ поради немањето на кворум или пак, нивната инертност е мотивирана за задоволување на нечии внатрепартиски интереси со враќање на нелегалниот  пазар на eкстра лесно гориво, од што според пресметките на РКЕ државата губи околу 30 милиони евра на годишно ниво.

A.Д.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе