По заканите од Москва дека ќе ги затвори вентилите за Македонија

Имаме доволно гас, уверуваат од „Макпетрол“, Владата смета на можни „минимални последици“

Уште минатата година „Макпетрол“ ги обезбеди потребните количини гас и снабдувањето се одвива непречено, велат од единствената компанија која купува гас од „Гаспром“. За заканите од Русија дека на Македонија, како „непријателска земја“, може да ѝ биде сопрена испораката на гас, од Министерството за економија велат дека во тој случај последиците за домашната економија би биле минимални. Во Регулаторната комисија за енергетика со загриженост се анализира развојот на настаните поврзани со овој енергенс.

„Нема никакви пречки во снабдувањето со природен гас. За сите наши потрошувачи, односно компании со кои што имаме долгогодишна соработка, снабдувањето со гас се одвива непречено, бидејќи уште минатата година ги обезбедивме потребните количини", ова е кусиот одговор што МКД.мк го доби од компанијата „Макпетрол" како единствена компанија во моментов која увезува гас од Русија.

Според изјавата што ја добивме од „Макпетрол", компаниите кои што своето проиводство го базираат на гасот како енергенс, а тоа се бројни компании меѓу кои и најголемите кои во значителна мерка го полнат буџетот, можат да бидат спокојни и покрај можноста Русија да ја сопре испораката на гасот за Македонија. Таквата закана „виси" од почетокот на војната во Украина, кога Македонија Москва ја стави на листата на непријателски држави. Но пред два дена стаса нова поконкретна закана од првиот заменик-претседател на Комитетот за меѓународни прашања на Советот на Руската Федерација Владимир Џабаров, како можна реакција поради тоа што Македонија го затвори своето небо за шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров кој требаше да патува за Белград.

Од „Макпетрол" не добивме одговор на прашањето со колкави количини на гас располага компанијата и дали проценува дека е тоа доволно во случај да прекине испораката од „Гаспром", од кого преку директни договори се купува овој енергенс. Освен „Макпетрол" гас директно од „Гаспром" купува и ТЕ-ТО за потребите на грејната сезона во Скопје, но договорите ги склучува на почетокот на есента. За последната грејна сезона купувањето на гас беше проблем за ТЕ-ТО па мораше Владата да интервенира за да не се случи радијаторите да останат студени зимата.

И од Министерството за економија за МКД.мк потврдуваат дека нема проблеми во снабдувањето на земјава со гас.

„Испораката на руски гас за Северна Македонија преку Бугарија не е прекината, односно се испорачува непречено во договор со компаниите кои имаат склучено договор за дистрибуција на гас од Гаспром (Макпетрол)", изјавија од министерството.

На нашето прашање какви се можните последици за домашната економија доколку Русија ја оствари заканата од министерството кусо велат дека се земаат предвид сите опции.

„Северна Македонија има соодветни алтернативи доколку дојде до прекин на испораката на гас од Гаспром, индустриските капацитети може да користат мазут. Каква одлука и да се донесе, кај нас влијанието ќе биде минимално".

Познавачите на состојбите во областа на енергетиката сметаат дека гасот е моќно оружје на Русија во односите со земјите кои воведоа санкции кон Москва. Велат дека во моментов не е главен проблем цената на гасот која расте, туку дали гас ќе има доволно за да функционираат економиите без подлабоки кризи. Освен тоа, на цената влијае и курсот на доларот кој постојано расте во однос на еврото.

Рускиот гас во Македонија доаѓа преку гасоводот во Бугарија, а како алернатива е можен гасот од Азербејџан, но доколку за брзо време во Бугарија се инсталира нов приклучок.

Македонија веќе подолго време своето производство го темели на гасот, отфрлајќи го мазутот пред сѐ поради големото загадување што го произведува со согорувањето, но и цената која растеше во изминатите години.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски за МКД.мк вели дека минатата година беше постигната рекордна потрошувачка на гас од друи 426 милиони метри кубни.

За актуелната ситуација со најавите за можен прекин на испорака за гас за Македонија Бислимоски вели дека тоа може да предизвика негативни последици.

„До крајот на годината е договорено снабдување со руски гас преку 'Турски - тек' што оди преку Бугарија и ќе биде проблем доколку Русија ја прекине испораката за Македонија. Во земјава практично нема резерви на гас, но секако компаниите се должни да имаат извесни количини во резерва за своето работење. Бездруго, ако се случи таква ситуација, ќе се бара алтернатива со друго гориво", изјави Бислимоски за МКД.мк.

Инаку, иако од Русија веќе не тече гас за Бугарија, Македонија нема проблеми во снабдувањето преку гасоводот на источниот сосед бидејќи енергенсот е платен, а платен е и закупот на „просторот" во гасоводот:

П.Џ.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе