Игор Караџиќ ги препорачува Чоколино фит и Чоколино плус вајт

Познатиот бренд за дехидрирана храна Лино на компанијата Подравка, a како дел од кампањата за промоција на новите производи Чоколино фит и Чоколино плус вајт за првпат соработува со мегапопуларната ракометна ѕвезда Игор Карачиќ.

„Чест ми е што се придружувам на семејството Подравка. Особено што ми дадовте можност да ја пренесам пораката за брендот Лино со чии производи пораснав. Новите производи Чоколино фит и Чоколино плус вајт се специјално дизајнирани како здрав и брз оброк за сите што спортуваат. Им ја даваат потребната енергија во постигнувањето на врвни резултати. Покрај талентот, упорноста, дисциплината и посветеноста, исхраната е таа која го гарантира успехот и подигнувањето на формата на едно повисоко ниво. Заедно со Чоколино, кое како дете го обожував, а е присутно на пазарите во Адрија регионот повеќе од пет децении, сега, имаме нови производи. Убеден сум дека заеднички ќе ја пренесеме пораката и ќе направиме значајна промена во навиките за исхрана кај младите", рече Карачиќ.

Хрватскиот репрезентативец и МВП во Лигата на шампиони, кој е еден од најзаслужните за освојувањето на втората европска титула на РК Вардар, им приреди интересно изненадување на дел од своите довчерашни соиграчи од шампионскиот тим, како и на капитенот на најуспешниот женски ракометен шампион, Кометал. Карачиќ организираше тајно "giveaway" со спортски торби полни со Чоколино фит и Чоколино плус вајткои се идеален оброк токму за сите оние кои се физички активни и сакаат да бидат фит. Дел од бившите соиграчи на Карачиќ споделија фотографии на социјалните мрежи со коментари дека тој навистина пријатно ги изненадил.

Чоколино фит го има задржано препознатливиот Чоколино вкус, но со намален удел на шеќер за 30%. Покрај ова, Чоколино фит е одличен извор на витамини и диететски влакна, обогатен со магнезиум кој одлично делува за опуштање на мускулите по напорен тренинг.

Чоколино плус вајт е посебен член на семејството Чоколино. Збогатен е со овесни снегулки, корнфлекс и крцкав експандиран ориз со бело чоколадо и витамини.  Чоколино плус вајт ви ја дава енергијата која ви е потребна за да се соочите со дневните предизвици.

 

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе