ИГМ со донација од 250.000 евра за здравствените институции

Компанијата ИГМ трејд донесе одлука за доделување на парична помош од 15.375.000 денари (250.000 евра) за потребите на Министерство за здравство наменети за сите здравствени институции во државата кои ја водат најтешката борба во услови на глобална здравствена криза со ковид-19, соопшти компанијата.  

 

Освен тоа извршена е аконтативна уплата на данок на добивка во износ од 27.913.385 денари (453.876 евра) од кои 6.585.727 (107.085 евра) за 2020 година и 21.327.647 (346.791 евра) за 2021 година, подршка за државниот буџет и зголемување на неговата ликвидност.

Извршена е и аконтативна уплата на данок на имот во износ од 7.995.000 денари (130.000 евра) за општина Кавадарци, подршка за општинскиот буџет и згoлемување на неговата ликвидност.

Со овој пакет помош од вкупно 51.283.385 денари (833.876 евра) сакаме да дадеме личен пример за улогата на корпоративниот сектор во македонското општество и да ги поттикнеме сите компании во државата да дадат свој придонес во борбата со корона вирусот.

Како компанија ги применуваме сите превентивни мерки доставени  од здравствените власти и од Владата, бидејќи заштита на нашите вработени и на нашите клиенти е наш врвен приоритет, и упатуваме апел до сите граѓани во државата истите да се почитуваат со желби за добро здравје и брзо надминување на кризата, соопшти ИГМ.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе