ИФЦ и ПроКредит ја продлабочуваат соработката

Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на групацијата на Светска банка и ПроКредит холдинг АГ и Ко КГаА (ПроКредит Холдинг; ПроКредит) обезбедуваат финансиски средства наменети за мали и средни претпријатија (МСП) за да им се овозможи да ги премостат проблемите со ликвидноста што се поврзани со пандемијата на ковид-19, како и да ги искористат можностите кои произлегуваат од кризата.

За таа цел, ИФЦ доделува заем од 100 милиони американски долари на ПроКредит холдинг. Заемот се доделува во рамките на Програмата за решенија за обртни средства на ИФЦ.

Средствата ќе бидат достапни во краток рок на малите и средни претпријатија кои ги исполнуваат условите во девет од вкупно дванаесетте банки на ПроКредит групацијата - Албанија, Босна и Херцеговина, Еквадор, Косово, Молдавија, Северна Македонија, Романија, Србија и Украина.

Управниот одбор на ПроКредит холдинг е цврсто убеден дека ПроКредит банките се добро позиционирани да одиграат важна и позитивна улога при поддршката на мали и средни претпријатија во земјите во кои се наоѓаат. Според мислењето на одборот, силниот сектор на МСП ќе биде од клучно значење за макроекономското закрепнување на земјите во кои работат ПроКредит банките, особено по пандемијата на ковид-19. Управниот одбор е уверен дека средствата што ги обезбедува долгогодишниот партнер на ПроКредит - ИФЦ ќе им овозможат на добро позиционираните МСП понатаму да се развиваат и да изнаоѓаат нови деловни можности.

„Ова финансирање е осмислено како поддршка на МСП, чијшто проток на готовина е погоден од пандемијата“, рече Виторио Ди Бело, регионален менаџер на индустријата за финансиски институции во Европа и Централна Азија на ИФЦ. „Фокусот на МСП на ПроКредит и широкиот географски опфат се од клучно значење за подобрување на пристапот до финансирање на овие претпријатија, кои обично не ги добиваат услугите, а имаат најголема потреба од нив“.

ИФЦ е акционер на ПроКредит Холдинг, а во 2019 година инвестираше 90 милиони американски долари за првото издавање на „зелени обврзници“ од страна на ПроКредит Холдинг.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе