МЖСПП

Идната година за замена на нееколошки со печки на пелети ќе бидат издвоени 400.000 евра

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки на денешната средба со новинарите информира дека од буџетот за 2018 година се реализирани 95 отсто, при што дел од средствата биле искористени за набавка на 350 филтри за подобрување на квалитетот на воздухот, кои се поделени во градинки и болници, активност која што ќе продолжи, а во иднина ќе бидат набавени филтри и за останатите институции.

„Со помош на ИПА фондовите имаме средства за градба на една депонија за Северноисточниот и Источниот плански регион. Целата докоментација веќе е изработена, но проблемот е меѓу општините. Согласно проектот и документацијата, експертите предложија едно место каде што треба да се изгради депонијата, но проблемот е во градоначалниците на општините кои не сакаат депонијата да биде во нивната општина“, објасни Дураки.

Заменик-министерот Јани Макрадули наведе дека по предлог на премиерот, Владата ги задолжила сите институции кои можеле, во месец декември, јануари и февруари да организираат по една акција што е поврзана со аеро-загадувањето и животната средина.

“Досегашниот модел што постои на пример за пелетите „прв дојден прв услужен“, мислиме дека не е фер пристап. Ќе направиме модел каде посиромашните ќе добиваат повеќе и до 100 отсто за замена со еколошкиот извор на греење“, рече Макрадули.

Процесот на замена на печки кои користат нафта со еколошки средства им пречи на некои луѓе, вели тој, оценувајќи дека проектот не е само еколошки туку и економски. Најави дека за проектот во 2019 година ќе бидат издвоени дополнителни 400.000 евра.

Државната секретарка во МЖСПП, Ана Петровска појасни дека постои проблем со градоначалникот на Општина Свети Николе за изградба на депонија на неговата територија, а за изградба на депонии во Југозападниот и Вардарскиот регион е создаден проблем од страна на локалното население.

 

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе