„Ибис стајл“ е полн со граѓани во изолација, се отвори „Ибис центар“

Kако дополнителен капацитет за сместување лица во изолација од денес целосно се става на располагање и веќе подготвениот хотел „Ибис Скопје сити центар“ каде во текот на денот се очекува да пристигнат 8 лица.

Првата група на лица за кои беше одредена изолација во времетраење од 14 дена, согласно препораките на Министерството за здравство, во текот на изминатите два дена ги исполнија капацитетите на „Ибис стајл“, првиот хотел кој „Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“ го отстапија како центар за изолација на лица на кои им беше одредена оваа мерка.

Во хотелот „Ибис стајл“ моментално се сместени 64 лица кои ќе останат таму следните 14 дена. На овие лица од страна на „Орка Холдинг“ и „Аџибадем Систина“ им се обезбедени сите услови, средства за лична хигиена, организирана е достава на храна и пијалоци, обезбеден им е ТВ и пристап до интернет.

Лицата кои се сместени во хотелите се под 24-часовен надзор на вработени од медицинскиот сектор, безбедносниот сектор и друг помошен персонал, со комплетна безбедносна опрема и стручна обученост, со цел да се одговори на сите нивни потреби.

Нивната здравствена состојба се следи секојдневно од медицински персонал од Институтот за јавно здравје. Во случај на појава на симптоми или влошување на состојбата, лицата, според предвидените безбедносни протоколи, ќе бидат пренесени до локациите кои Министерство за здравство ќе ги определи за згрижување и третман на симптоматските лица.

Со вакво секојдневно темпо на прифаќање лица на кои им е определена изолација од страна на Министерството за здравство, понудените капацитети од страна на „Орка Холдинг“ и Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кои на раполагање ставија 214 кревети во хотелите „Ибис стајл“ и „Ибис Скопје сити центар“ целосно ќе бидат исполнети.

„Орка Холдинг“ и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се во секојдневна комуникација со Владата и Министерството за здравство околу распределувањето и сместувањето на лицата на кои им е определена изолација.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе