И во време на криза се реализираат капитални инвестиции, се пофали Ковачевски

Интензивно се одвиваат градежните активности за изградба на експресниот пат Градско–Прилеп, кој е еден од најзначајните патни правци во државата каде дневно поминуваат и над 6 илјади возила од сите категории, изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешниот увид во изградбата на експресен пат Градско–Прилеп, на втора фаза на потегот Фариш–Дреново. 

Изградбата на експресниот пат Градско–Прилеп е поделена на три делници: Првата делница е Градско-Дреново каде што исто така се одвиваат градежни работи, втората делница е Дреново–Фариш и третата делница е проширување на патна делница од Прилеп до мост на Ленишка Река и изградба на трета лента на патната делница од с. Беловодица до Каменолом Маврово, за што е во тек подготовка на тендерска постапка.
За изградба на втората делница од Дреново до Фариш која е со должина од 10,2 км, издвоени се 33,6 милиони евра со поддршка на Европската банка за обнова и развој. Како што рече Ковачевски, работите на втората делница се очекува да завршат следната година, а можеби и пред рокот.

„На само десет километри растојание во овој појас се градат два тунели, 21 мост, 5 подвозници, 11 потпорни ѕидови, еден кружен тек  на локалниот пат со клучка кај Дреново и еден вијадукт, што говори за каков тешко пристапен терен станува збор“, додаде Ковачевски.
Тој најави и изградба на автопатот Прилеп–Битола кој треба да го гради Конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој ќе се надоврзе на експресниот пат Градско-Прилеп, а со рехабилитацијата на магистралниот пат Битола-граничен премин ќе се поврзе брзо и безбедно со Република Грција.  
Исто така, планирани и во тек се и неколку значајни рехабилитации на регионални патишта како што е рехабилитацијата на државниот пат Фаришка Клисура – Прилеп каде се отпочнати веќе работите, понатаму Битола-Демир Хисар, Крушево-Демир Хисар, Другово-Демир Хисар, Кривогаштани–Крушево и Велес – Градско.
„Инвестициите во патната инфраструктура се еден од приоритетите на оваа Влада. Наша цел е Северна Македонија да продолжи да се гради и поврзува со квалитетна, безбедна и модерна патна инфраструктура. Од почетокот на мандатот, оваа Влада изгради и реконструираше над 1.000 км патишта.
Економската криза со која се соочуваме налага уште поголем фокус и побрза реализација на капиталните инвестиции. Добро е познато дека во криза најважно е да се вложува токму во инфраструктурата, бидејќи градежништвото е мотор на економијата. Затоа како Влада сме фокусирани за уште поголема ефикасност во реализација на инфраструктурните проекти.
Анализите покажуваат дека ефикасноста на Владата во делот на реализација на капиталните инвестиции е одлична дури и во време на криза. Минатата година реализиравме 79% од капиталните инвестиции и со истото темпо продолжуваме и оваа година. Патиштата имаат значаен удел во овие инвестиции. До крајот на мандатот во 2024 година моја цел како премиер и на оваа Влада е да имаме модерни и безбедни патишта што ќе значат побрзо движење, но и силна и развиена економија“, рече Ковачевски.

 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе