И во април нови квоти за сите 772 аптеки

Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување донесе одлука за линеарно зголемување на квотите за сите 772 аптеки за дополнителни 12.000 денари, поради сезонските алергии и прогласената епидемија на морбили на територија на цела држава, но и по направената сондажа за искористеност на квоти за април на приватните здравствени установи аптеки што изнесува од 85 отсто до 90 отсто.

Ова зголемување, се наведува во соопштението од Фондот, е обезбедено за секоја здравствена установа – аптека, освен за аптеките со максимална месечна квота од 650.000 денари и ќе важи само за април.

Од Фондот посочуваат дека континуирано ја следат достапноста до лековите на рецепт и работат на обезбедување подобра снабденост со лекови во текот на целиот месец.

Фондот продолжува внимателно да ги следи состојбите со достапноста на лековите на рецепт во аптеките. Ова се прави со цел осигурениците да може да ги подигнуваат потребните лекови во аптеките, во близина на нивното место на живеење, стои во соопштението.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе