За новонастанатата состојба

И сметководители заразени со коронавирус, бараат итни мерки од надлежните

Сметководителите бараат итни мерки со кои надлежните инстуции, МФ и Владата на РСМ, ќе им помогнат за новонастаната алармантна состојба. Според Институтот на сметководители и овластени сметководители на РСМ, веќе имаат заразени четири лица, сметководители кои се позитивни на коронавирусот. 

И во време на вонредна состојба во која се наоѓа нашата земја, погодена од заразната епидемија на коронавирусот, сметководителите имаа обрвска и општествена одговорност да ги извршуваат сите свои работни задачи. За жал, во нашата професија, нема исклучителни ситуации. Ризикот во вакви услови е огромен. Бројот на заболените колеги е силен аларм дека итно треба да се преземат конкретни мерки за вршителите на сметководствената дејност, кои се изложени на силен ризик од зараза додека ја вршат дејноста и се грижат за прибирање на приходите во буџетот на државата."

Според членовите на Институтот, во Законот за вршење сметководствени работи и Статутот за жал, нема прецизна регулација за работењето во ваква вонредна состојба. Покрај тоа, нагласуваат дека оваа дејност, не е опфатена ни во мерките кои досега се донесени од Владата. Тие веќе реагирале со допис до претставниците на МФ и Владата на РСМ на 23.03.2020, во кој побарале најитно да се разгледаат актуелните состојби во кои се наоѓаат сметководителите и овластените сметководители. Од таму, до денес немаат одговор. Бараат поддршка за Институтот на сметководители и овластени сметководители на РСМ, со цел заедно да им се помогне на сите нивни членови.

Институтот на сметководители и овластени сметководители на РСМ брои 11.014 членови, како и 2.158 субјекти за вршење на сметководствени работи во кои се вработени 3.513 сметководители и овластени сметководители.

Oдлуката и препораките кои ги испратиле до МФ и Владата на РСМ се следни:

Ве информираме дека Управниот одбор на Институтот предложи мерки за превенција и заштита на сметководителите и нивните клиенти: Пристапот во вашите деловни канцаларии, доколку сте во можност остварете го исклучиво преку граничен пулт (шалтерски систем), без дозволен пристап во внатрешноста на деловните простории,

При пристап на граничниот пулт носете заштитни маски и ракавици, задолжително користете ги геловите за дезинфекција на раце и држете растојание минимум 1,5 до 2,00 м

Препорачуваме комуникацијата да бидат по електронски пат – користете телефонска и e-mail коресподенција

Пред да доставувате/примате документација задолжително информирајте се за актуелните услови за соработка,

Приватни посети како и посети кои не се од есенцијално значење за работата да не бидат дозволени

Користете ги курирските служби доколку постојат во вашето место на работа

Скратете го работното време

За доброто на сите, следете ги и почитувајте ги препораките и мерките за заштита на надлежните институции, се вели во соопштението на Институтот.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе