И приватните компании да бидат општествено одговорни, посебно енергетските, рече Бектеши

И приватните компании имаат обврска да бидат општествено одговорни, посебно енергетските, зашто приходите и профитите ги прават тука, во Северна Македонија, од овие граѓани, порача вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој е дециден дека гас ќе се обезбеди.

„Не е време за воено профитерство. Во државава има прописи и закони и точно се знае какви одлуки може да донесат Владата и Собранието. Компаниите, посебно во енергетиката, треба да работат согласно прописите на државата, а ние треба да го изнајдеме најдоброто решение за граѓаните и стопанството, тоа е наша обврска, а уцени нема,“ истакна Бектеши во гостувањето на Топ Тема.

Во врска со цената на мазутот, министерот рече дека е регулирана од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

„Ако цената е повисока од таа што е регулирана, јавно го повикувам Обвинителството да направи контроли во ЕСМ,“ нагласи министерот.

На прашањето по која цена „Пуцко петрол" превезува мазут, рече дека за ова одговор треба да се побара во ЕСМ.

„Таму ќе ви кажат, ќе ви ги дадат договорите,“ напомена Бектеши.
Тој претходно објасни и зошто Бугарија не склучува договор со Србија за набавка на природен гас.

„Бугарија може да и даде електрична енергија на Србија, но ние зборуваме за количини. Бугарија троши милијарди нормални метри кубни годишно природен гас, а ние околу 300 милиони. Србија нема толку природен гас колку што троши Бугарија. Затоа Бугарија не прави договор со Србија. Истото важи и за Грција,“ рече министерот.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе