РКЕ

И официјално, бензините поевтинуваат за 6,5, дизелот за 9 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, со што се изврши усогласување со измените од Законот за акцизи и измените од Законот за данок на додадена вредност. Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 6,45% во однос на одлуката од 10 март.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, се намалуваат за 6,5 денари за литар, додека малопродажните цени на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 9,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,345 денар/килограм и ќе изнесува 60,914 ден/кг.

Од 13 март максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС - 95 86,50 (денари/литар), еуросупер БС - 98     88,50 (денари/литар), еуродизел БС (Д-Е V) 88  (денари/литар), масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50  (денари/литар), мазут М-1 60,914 (денари/килограм).

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензинот за 0,814%, кај дизелот за 2,204%, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,489% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,47%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период е повисок за  0,189%.

 .3.2022

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе