Од продажба на кесите по 15 денари собрани околу 240 илјади евра

И кесите без рачки мора да се наплаќаат по 15 денари, вели министерот Нуредини

И пластичните кеси без рачки или на кои трговците им ги сечат рачките се наплаќаат по 15 денари, исто како и другите, изјави денеска министерот за животна средина Насер Нуредини поради честата пракса на маркети и бурекџилници да им се сечат рачките на кесите, сметајќи дека така не потпаѓаат под законската одредба за ограничување на употребата на кесите. Тој рече дека во маркетите кои претходно бесплатно им ги давале биоразградливите пластични кеси на купувачите, за 10 пати е намалена нивната потрошувачката.

Министерот Нуредини на прес-конференција изјави дека во дел од маркетите кои порано бесплатно давале кеси, побарувачката е намалена и до 10 пати, а за четири пати е намалена во маркетите кои ги наплаќале по денар или два.

По два месеца од примената на законското решение со кое е ограничена употребата на кестите, според министерот, оценето е дека во првиот месец од продажбата на кесите по 15 денари за парче се собрани околу 240 илјади евра со кои е можно да се купат контејнери за селектирање на конзерви и пластика.

„Потребно е време за навикнување и прилагодување и очекуваме подобри резултати, но позитивно е дека се зголеми употребата на платнени торби, како и нивната продажба. Планираме програма за инвестирање на средствата кои се добиени од продажбата на биоразградливите кеси, а целта е секој граѓанин да стане свесен за важноста на системот за селекција на отпад. Ќе дадеме почетен импулс на локалната самоуправа и на колективните постапувачи кои имаат обврска со новите закони да воспостават инфраструктура за селекција на отпад за граѓаните, посебно во заштитените подрачја“, рече Нуредини.

Министерот рече дека ќе се засилат контролите во маркетите и рече дека не е дозволена употреба на пластични кеси подебели од 15 микрони за носење стоки, без разлика дали се со рачки или без рачки и додаде дека таквите кеси мора да се плаќаат по 15 денари.

Кесите потенки од 15 микрони, посочи, се за хигиенска употреба и може да се користат за пакување месо за што маркетите плаќаат.

„Во контакт сме со Пазарниот инспекторат за да има построги контроли за имплементирање на законите. Контролите ќе ги започнеме во поголемите маркети, бидејќи тие се и најголеми потрошувачи на кеси. Еден голем маркет лани во ноември пред воведувањето на забраната бесплатно делел по 800 илјади кеси, а по воведувањето во декември продал 103 илјади. Друг голем маркет во кој се плаќале кесите месечно продавал по 709 илјади, а сега продава само 147 илјади кеси по 15 денари“, рече министерот за животна средина и додаде дека во декември се собрани 240 илјади евра од продажбата на биоразградливи кеси.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе