Хуманитарна кампања на Макпрогрес за СОС Детско село

Макпрогрес, компанија која ги следи светските иновативни начини за донаторство оваа година реализираше хуманитарна кампања за обезбедување на средства за поддршка на работата на СОС Детско село.

Компанијата донираше 5 денари од секој купен производ Кејк од Винчини и на тој начин овозможија и потрошувачите да се вклучат во кампањата и да бидат дел од оваа акција - повеќе продадени производи, поголема поддршка за децата без родителска грижа и во ризик да го изгубат семејството.

Со кампањата која траеше 6 месеци ги обедини потрошувачите на Макпрогрес и обезбедија 305.670,00 денари. Костадинка Цветанова, сосопственик и коосновач на Макпрогрес доо Виница ги предаде средствата на Јулијана Накова Гапо, национален директор на СОС Детско село.

„По повод 30 години јубилеј на Макпрогрес Виница и 20 години јубилејот на СОС Детско село, Макпрогрес се одлучи оваа година да ја зајакне својата поддршка преку хуманитарна кампања ‘Растеме заедно за детство со насмевски’ преку која се обезбедија финанасиски средства за поддршка на СОС Детско село. Традиционално Макпрогрес продолжува со хуманитарните активности и го повикува и останатите комапнии да го следнат нашиот пример”, изјави Цветанова.

„Особено сме горди и благодарни што имаме стратешки партнер како Макпрогрес коj низ годините несебично ја помага нашата работа. Се заблагодаруваме и на сите индивидуалци кој ја поддржаа кампањата преку купување на производите на Макпрогрес. Индивидуалната одговорност на секој од нас е многу важна за општеството. Тоа е можност секој поединец да споделува вредности со хумана мисија и да овозможува остварување на нивните цели. А наша цел е топол дом и грижа за секое дете”, изјави Накова Гапо.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе