Хуавеј П40 серијата - лесно достапни видеа и фотографии со помош на новата технологија

Сега имаме и користиме многу паметни уреди. Еден од проблемите кои тоа го претставува е што повеќе не можеме да ги најдеме нашите зачуваи фотографии и видеа. Хуваеј П40 серијата ја поддржува Крос дивајс фото-галеријата. Генијалното решение ви овозможува лесно да ги лоцирате фотографиите и снимките, без оглед дали станува збор за селфи направено со вашиот паметен телефон, и цртеж што сте го направиле на таблет, без оглед на кој уред сте го снимиле.

ЕМУИ 10.1 на П40 серијата на Хуавеј ја претставува Крос дивајс фото-галеријата која ви овозможува да ги гледате сите снимени содржини, сѐ додека уредите се поврзани на иста бежична мрежаи имаат иста хуавеј идентификација. Фотографија може да биде снимена на друг паметен телефон или таблет, и вие сепак ќе можете да ја лоцирате, да ја пребарувате или да ја преземете на хуавеј уред од П40 серијата.

Иако можете да ја гледате содржината, но бидејќи се снимени на други уреди, тие не заземаат место во меморијата на паметниот телефон од П40 серијата на Хуавеј. Меѓутоа, со Крос дивајс галеријата можете и да преземате цело галерии фотографии или снимки од други уреди и да ги снимите на вашиот уред. Покрај тоа, платформата јасно ги категоризира содржините за вас, за да можете да видите каде се снимени, и во кој формат. Можете да внесете клучни зборови или ознаку за брзо да ги погледнете, доколку тоа го сакате. На приме, доколку внесете „цвеќе“, галеријата ќе ви ги прикаже сите фотографии со цвеќиња, и потоа можете лесно да г споделите со пријатели или да ги снимите на вашиот уред.

Со Крос дивајс фото-галеријата, пребарувањето на содржини низ различните уреди е полесно од кога било. На хуавеј П40 серијата вашите најдобри моменти се достапни во само неколку допири.

Скриена содржина во вашиот хуавеј П40 серија смартфон го претвора вашиот телефон во емитувач на звук и микрофон.

Што се случува кога ќе го поврзете смартфонот хуавеј од П40 серија со блутут слушалки или звучници

Знаевте ли дека хуавеј уредите од П40 серијата можат да се користат како емитувачи на звук или микрофон? Колку всушност знаете за скриените содржини на вашот смартфон?

Со помош на ЕМУИ 10.1, хуавеј П40 серијата поддржува саунд бустер, сосема ново решение за бежично пренесување звук кои функционира со блутут звучници или слушалки за да ви овозможи да снимате звук од далечина или да го засилите звукот. Ова може да биде многу корисно во некои ситуации со кои се сретнуваме секојдневно.

Можете да снимате звук од далеку на вашиот уред хуавеј П40 серија. Аудиото снимено со микрофонот на вашиот смартфон се пренесува до вашите слушалки преку блутут. Ставете го смартфонот до некој што зборува за да можете појасно да го слушнете. Смартфоните поддржуваат алгоритми за намалување на амбиенталната врева и за препознавање глас, овозможувајќи ви да ги слушнете другите дури и ако сте во гласна средина.

Оваа можност го претвора смартфонот хуавеј П40 серија во пренесувач на звук. Замислете дека сте родител на малечко бебе. Иако не сте физички во истата просторија со вашето дете, можете да останете информирани за сѐ што се случува околу бебето со тоа што ќе го ставите смартфонот блиску до детето, и со носење слушалки. Ќе знаете точно кога бебето ќе се разбуди.

Саунд бустер на хуавеј П40 серијата поддржува и засилување на звукот во релно време. Можете да зборувате во вашиот смартфон, и вашиот глас ќе биде засилен преку блутут звучник. Да бидете слушнати во полна просторија сега е многу полесно.

Сценарио во кое саунд бустерот помага е во тим билдинг активности. На оној што зборува не му е потребен мегафон – само смартфон од хуавеј П40 серијата и блутут звучник се доволни. Туристичките водичи, професорите, тренерите, говорниците – на сите нив ќе им биде од корист оваа содржина при нивната работа.

Уште нешто што вреди да се спомне е дека ова опција ги поддржува технологиите за потиснување на звукот на Хуавеј. Фидбек е пиштењето што го слушате кога ќе ставите микрофон премногу блиску до звучник. Алгоритмот развиен од Хуавеј ефективно го редуцира фидбекот, минимизирајќи ги шансите од појавување непријатен звук.

Треба да се истакне дека кога ја користите опцијата со блутут слушалку, смартфонот треба да го ставите блиску до изворот на звукот. А кога е поврзан со блутут звучници, ве молиме држете го смартфонот и зборувајте во микрофонот.

Во моментов, саунд бустерот поддржува три серии на слушалки – хуавеј фрибадс, хуавеј фрилејс и онор флајподс. Што се однесува до звучниците, ги поддржува нова мини блутут спикер на Хуавеј и рубикс кјуб блутут спикерс на Онор.

Саунд бустер е неверојатна опција. Со неа, секој со хуавеј уред од серијата П40 добива свој микрофон. Не треба да се спомне колку е лесен за користење. Дали оваа иновативна опција може да го направи хуавеј П40 серија вашиот омилен уред?

 

 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе