Хуманитарна акција на АПИС

ХТЛ Македонија донираше медицинска опрема за болницата „8 Септември“ во Скопје

Продолжува серијата донации на компаниите, членки на АПИС, во здравствените институции кои се во првите борбени редови при соочувањето со пандемијата од вирусот ковид-19. Компанијата ХТЛ Македонија, членка на групацијата Новоматик од Австрија, реши да донира болнички кревети во износ од 20.000 евра во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

Помошта на здравствените институции во државата околу она што им е најпотребно овој период е од витално значење и истото го диктира темпото со кое ќе се справуваме со овој невидлив непријател.

Сакаме да веруваме дека со оваа наша акција барем малку ќе го олесниме секојдневието на здравствените работници кои ќе имаат една грижа помалку на своите плеќи.

 

Циклусот донации на Групацијата Новоматик во Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) и АПЕКС Македонија, чија вкупна сума изнесува 200.000 евра, продолжуваат во наредниот период, а ќе бидат донирани болнички кревети и дезинфикациски средства на други болници кои се вклучени во борбата против новиот коронавирус, соопштуваат членките на Асоцијацијата за приредувачи на мрежа - АПИС.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе