Хотел Лимак Скопје ја носи автентичната храна и музика од Босфорот

Од 30 ноември до 3 декември хотел Лимак Скопје (Limak Skopje Luxury Hotel) ќе биде домаќин на исклучително интересен настан наречен „Автентичниот вкус на турската кујна“, чија амбиција е преку спој од оригинални гастрономски специјалитети и традиционална музика, да се пренесе оригиналната атмосфера на Босфорот во центарот на Скопје.

За автентичноста на настанот ќе се погрижат врвни готвачи кои за оваа прилика специјално ќе допатуваат од Турција. Тие ќе подготвуваат разновидни турски специјалитети по традиционални рецепти и состојки кои потекнуваат директно од Анадолија, Кападокија и централна Турција.

Гостите на настанот ќе можат да пробаат различни традиционални предјадења, како што се мезиња, ќофтиња, хумус, имам бајалди и салати, како што е познатата хајдари крем салата со традиционално сирење и шакшука – салата од модар патлиџан, пиперка и домат. Од главните јадења ќе бидат понудени: зачинето јагнешко (кавурма), пилав, булгур, мантии со јагнешко месо, супа од леќа, пиде, лахмаџун, печено јагнешко и телешко месо, пилешко на скара, полнети модри патлиџани со телешко месо (карнијарик) и други специјалитети, а трпезата ќе биде збогатена и со голем број традиционални десерти како што се: баклава, кадаиф, шеќерпаре, сутлијач и други.

За да се приближи вистинската атмосфера на Босфорот, храната ќе се послужува во автентични садови, со традиционални декорации и изглед, а настанот ќе биде збогатен со турски чалгии во живо.

Во тие три дена настанот ќе се одржува секој ден од 19 до 22 часот.

Повеќе информации и резервации може да се добијат во хотелот.

Комерцијален текст

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе