Заменик претседателот на Беса со порака

Хоџа: Кај нас Крстот сѐ уште троши струја, а на Ајфеловата кула се штеди

Заменик претседателот на Движењето Беса Арјанит Хоџа повика да се изгасне осветлувањето на Милениумскиот крст на Водно со цел да се заштеди струја во време на голема енергетска криза во земјава. Тој направи паралела со осветлувањето на Ајфеловата кула во Париз.

„Во Париз се носи одлука за намалување на осветлувањето на Ајфеловата кула, со што се заштедуваат непотребните трошоци за електрична енергија особено во периодот на енергетската криза која започна и се очекува да се продлабочи оваа зима. 

Наместо нашите лидери да ни кажуваат како во нашите домови да ја користиме електричната енергија, јавно предлагам тие да почнат да штедат и во таа насока да го прекинат непотребното осветлување на Милениумскиот крст на Водно“, напиша Хоџа на Фејсбук.

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе