Реакција

Хелсиншки комитет: Државата не смее да дозволи газдите да ги третираат текстилните работници како да се робови

Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира на барањата на сопствениците на фабрики-членови на текстилниот кластер за продолжување на работното време, укинување на празници за да немало дисконтинуитет во производството, замрзнување на придонесите, повторно отворање на темата за нормиран учинок, дури и небулозни закани за штрајк на работодавачи и ги оценува како крајно недозволиви.

„Со самото искажување на ваквите ставови директно се удира на работничките права и на достоинството на текстилните работнички и работници, една од најзагрозените и најмалку платени групи во општеството. Со ова, самите работодавачи практично го признаваат досегашниот арогантен однос кон работниците и начинот на кој секојдневно ги третираат вработените во своите погони.

До Хелсиншкиот комитет, во 2019, заклучно со септември, се имаат обратено 1.497 текстилни работнички од 60 конфекции од 12 различни градови. Дадени се 906 правни советувања и иницирани се 20 постапки за инспекциски надзор. Сепак, Државниот инспекторат за труд само во еден случај има утврдено неплатена работа на празник, а ниту еднаш нема утврдено неплатена прекувремена работа и/или прекувремена работа над законскиот минимум“, се наведува во соопштението од Хелсиншки комитет. 

Оттаму порачуваат дека уставно загарантираните права на работникот не смеат да бидат жртвувани во име на профитот на газдите. Од Хелсиншки комитет очекуваат државата соодветно да одговори на ваквите барања и да ги заштити работниците од бескрупулозниот однос кон нив.

„Притоа, важно е да се спомне дека работодавачите во текстилната индустрија се дополнително привилегирани со субвенции од државата за исплата на минимална плата и дека уживаат други поволности во однос на извозот. Во таква ситуација, државата не смее да дозволи газдите да ги третираат работниците како да се робови“, се додава во соопштението.

 

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе