Хељда - магично зрно кое ги регулира варењето, тежината, холестеролот и шеќерот во крвта

Хељдата е растение кое има високи хранливи вредности и позитивното влијание на здравјето на луѓето поради што последниве години стана популарна во исхраната. Ова растение, која спаѓа во групата на таканаречени псевдожитарки, во која се и киноа и амарант, содржи многу протени, витамини, минерли и антиоксиданси. Бидејќи не е житарка, не содржи глутен така што е идеална за користење за сите што се чувствителни на глутен или кои ја имаат болеста целија.

Хељдата има во себе исклучително високо ниво протеини со голем биолошка вредност, така што овој протеин телото може да ги користи во голем процент, што се објаснува со високата концентрација на сите есенцијални аминокиселини. Таа содржи бројни минерали и е одличен извор на манган, магнезиум и бакар. Исто така, содржи железо, фосфор, цинк и селен. Кога станува збор за витамини, хељдата е добар извор на првенствено Б комплексни витамини, особено витамин Б6, ниацин и робофлавин.

Највисок квалитет на хељдата, со најголем позитивен ефект врз здравјето, е токму високото ниво на антиоксиданти. Улогата на антиоксидансите во организмот е да ги елиминираат слободните радикали, за кои се смета дека се една од главните причини за рак и срцеви заболувања. Исто така, истражувањата покажаа дека рутин, попознат како витамин П, кој се наоѓа во хељдата, го намалува нивото на лошиот (ЛДЛ) холестерол во крвта и го зголемува нивото на добиот (ХДЛ) холестерол. На овој начин се спречуваат згрутчувања во крвта кои доведуваат до срцеви и мозочни удари, а се намалува и ризикот од развој на други кардиоваскуларни заболувања.

Хељдата има позитивен ефект и врз регулирањето на нивото на шеќер во крвта, што го олеснува слабеењето, но исто така го спречува и развојот на дијабетес. Кај луѓето со дијабетес, хељдата може да помогне во одржување на нивото на шеќер во крвта во референтни вредности.

Бидејќи е богата со растителни влакна, не содржи заситени масти и холестероли има малку калории, хељдата го намалува апетитот и ја подобрува општата состојба на дигестивниот систем. Исхраната со хељда е популарна кај оние кои се борат со вишок килограми, а оваа храна секако треба да биде составен дел од исхраната на секој што се грижи за својата линија и физичкиот изглед.

Нашиот водечки производител на брашно и леб, Жито Лукс, следејќи ги современите текови во исхраната, лансираше категорија лебови со висока нутритивна вредност, наречени Супер лебови. Овие лебови се произведени од супер состојки (super foods) какви што се чија, тиква, спелта, овес, хељда и амарант.

Еден од категоријата Супер лебови - Интегралниот леб со супер зрна, е направен токму од  псеводожитарките хељда и амарант. Како природен извор на полифеноли, фитостероли, диететски влакна, витамини, минерали, антиоксиданси и незаситени масни киселини, хељдата во комбинација со амарант,  го прават овој леб совршен за сечиј вкус и за секој рецепт.

Комерцијален текст

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе