Хеленик петролеум: Сакаме да постигнеме спогодбено решение за спорот за ОКТА

Паралелно со арбитражниот процес, ние водиме разговори со Владата на Република Северна Македонија со цел да најдеме спогодбено решение за спорот, изјави Џорџ Алексопулос, генерален менаџер за стратешко планирање и нови активности во групацијата и извршен член на Одборот на директори на Хеленик петролеум (HELLENIC PETROLEUM SA) одговарајќи на новинарско прашање на маргините на конференцијата на „Економист“ („The Economist Conference”) што се одржа во Атина на 16 и 17 јули.

„Групацијата Хеленик Петролеум покрена арбитражна постапка против владата на Северна Македонија пред Меѓународниот кривичен суд во декември минатата година побарувајќи 32,6 милиони долари оштета што произлегува од неисполнување на обврската за набавка на минимално договорените количини мазут во периодот од 2008 до 2011 година, што е прекршување на договорот од 1999 година. Членовите на Арбитражниот трибунал беа назначени од двете страни и во моментов процесот е во тек.

Во однос на другото прашање кое се однесува на нафтоводот Солун – Скопје, ние, исто така имаме контакти со владата во обид нафтоводот да продолжи да работи, согласно релевантната одредба од Преспанскиот договор“, изјави Алексопулос.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе