Халк банка: Со онлајн депозит до брза и едноставна заштеда на пари

Штедењето на сите ни е слабост и колку и да се трудиме да создадеме навика, сепак, секогаш потребен ни е цврст мотив и поттик. Визијата за остварување на саканата замисла, патување, реновирање, школување, купување е првиот мотив за заштеда.

За да креирате корисна навика на штедење која ќе овозможи подобрување на вашата финансиска состојба, треба прво да ги поставите приоритетите на вашите трошоци и да изнајдете рамнотежа помеѓу трошењето и заштедата во текот месецот. 

Во приоритетите и обврските за редовни месечни издатоци може да го поставите и вашиот личен депозит. А тука, времето е пресудно. Што поскоро почнете со штедење, толку повеќе ќе може да постигнете на подолг рок. Секој месец кога ги остварувате вашите примања, при распределба на средствата за месечните трошоци, можете веднаш, лесно и брзо да одвоите одреден износ како ваша заштеда.

Дополнителен поттик за подобрување на вашите финансии преку штедење прават добрите услови, сигурноста и достапноста за креирање на вашиот депозит.

Една препорака за тоа како да постигнете исполнување на вашите цели преку заштеда, направена на брз, сигурен и едноставен начин, е да ја започнете праксата на штедење преку само неколку клика со онлајн депозитот кој го овозможува Халкбанк за своите е-банкинг корисници. Сите информации за овој депозит и неговите услови може да ги најдете на следниов линк: https://halkbank.mk/online-depozit.nspx

Комерцијален текст 

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе