Во вонредни услови на пандемија

Групацијата Триглав во првото полугодие со раст на премија и пониска добивка

Групацијата Триглав, во првата половина од годината и покрај тешките услови поради пандемијата, работеше профитабилно и сигурно. Достигна премиски раст на повеќето свои пазари, во сите три сегменти на осигурувањето и оствари 7 проценти повисока консолидирана бруто полисирана премија (673,4 милиони евра) споредено со истиот период минатата година, соопштија од компанијата.

Добивката пред оданочување во износ од 40,6 милиони евра беше за 3 проценти пониска во однос на минатото полугодие, пред сè како последица од нарушување на состојбата на глобалните финансиски пазари, но делумно и поради масовните штетни и други специфични настани. Комбинираниот коефициент изнесуваше поволни 92,4 проценти. Идните економски и финансиски ефекти од пандемијата остануваат несигурни.

На полугодието Групацијата Триглав проценува дека нејзиното осигурително и инвестициско портфолио е доволно отпорно, а позицијата на капиталот соодветна за да може успешно да се соочи со зголемените ризици, коишто произлегуваат од актуелните услови. Триглав во вонредните услови на пандемија на македонскиот пазар на осигурување работеше стабилно, додека активностите на своите компании ги фокусираше кон обезбедување на услуги за клиентите од далечина, со цел да излезе во пресрет на сите нивни потреби на безбеден начин.

Компаниите на групацијата Триглав на македонскиот пазар на осигурување во првата половина од 2020 година работеа стабилно, фокусирајќи ги своите активности кон обезбедување на услуги од далечина.

Триглав Осигурување во дадениот период оствари бруто полисирана премија во износ од 11,5 милиони евра, што е во рамките на бруто полисираната премија во истиот период од минатата година. Во согласност со стратегијата, компанијата на пазарот ја воведе новата услуга за онлајн плаќање на сметки, како дел од проектот за дигитализација на услугите коишто ги нуди. Триглав ја зачува лидерската позиција на пазарот на неживотно осигурување во земјата.

Триглав Осигурување Живот првата половина од 2020 година ја заврши со повисока бруто полисирана премија (индекс 146) во споредба со истиот период минатата година, додека пак Триглав пензиско друштво достигна 81% од планираните средства во Триглав отворен задолжителен пензиски фонд.

Дополнително, надзорниот одбор на Заваровалница Триглав го именуваше Андреј Андољшек за нов претседател на Надзорнот одбор на Заваровалница Триглав.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе