Групацијата Трафигура го зголеми влогот во проектот за бакар Иловица – Штука

Групацијата Трафигура преку својата подружница, инвестициската групација Галена рисоурс еквитис лимитед (Galena Resource Equities Limited) ја зголеми својата инвестиција во проектот за рудник за бакар Иловица-Штука на компанијата Еуромакс рисоурсис за дополнителни 6,9 милиони американски долари. Инвестицијата е направена преку Еуромакс рисоурсис лтд, канадска компанија која котира на берзата во Торонто.

Зголемувањето на своите инвестиции во проектот од Трафигура е охрабрено од поддршката што Еуромакс ја добива од локалното население, како и конструктивните чекори кои македонската влада ги презема за заедницата, а особено прогресот на интегративниот процес за влез во НАТО, што е силен сигнал за странските инвеститори.

Трафигура има богато искуство со изградба и управување со рудници низ целиот свет. Трафигура направи детална техничка и правна детална анализа на Еуромакс и проектот во изминатите 12 месеци и потврди дека проектот Иловица-Штука е усогласен со целата македонска регулатива и е проектиран согласно најдобрите меѓународни практики за работење, заштита на животната средина и здравјето на луѓето.

Еуромакс пред повеќе од една година донесе одлука за откажување од цијанидот и со тоа е во целосна согласност со неодамна усвоените измени на Законот за минерални суровини.

Трафигура е подготвена да го води проектот Иловица-Штука кон процес на изградба и работење за да ја покаже неговата вредност и придонес за локалната заедница и останатите засегнати страни. Дополнителните финансии ќе се искористат за понатамошен развој на проектот, вклучително и дополнителна техничка работа и активности во процесот на добивање дозволи, што ќе овозможи и почетни вработувања.

„Почетокот на интегративниот процес за влез на земјата во НАТО и напредокот во процесот за влез во ЕУ ја зголемија довербата на инвеститорите во нашиот проект. Овој позитивен сигнал беше засилен и од проактивнoста што Владата ја покажува за проектот Иловица – Штука. Ние одлучивме да се откажеме од употребата на цијанид, а новите финансии ќе бидат вложени во дополнителна техничка работа на терен и поддршка за локалното население. Кога проектот ќе биде во фаза на работење ќе придонесе за значителен развој на националната економија, особено во регионот каде е лоциран рудникот. Очекуваме понатамошна заедничка соработка со локалното население”, изјави главниот извршен директор на Еуромакс рисоурсес, Варшан Гокул.

Предвидени се 343 милиони евра инвестициja за изградба на проектот и со тоа ќе биде најголемата гринфилд инвестиција во земјата која ќе донесе значителен поттик за економски раст.

Со приходи од над 180 милијарди американски долари за изминатата 2018 година, Трафигура е една од водечките светски независни трговски и логистички куќи со значајно рударско искуство во срцето на глобалната економија.

Трафигура е посветена на исполнување на највисоките стандарди во синџирот за набавки, и секогаш во нејзиното планирање и донесување одлуки на прво место ги поставува здравјето, безбедноста, животната средина и заедницата.

Покрај Трафигура, зад структурата на акционери и кредитори на Еуромакс стојат многу други престижни меѓународни институции, како Европската банка за обнова и развој, британскиот инвестициски фонд Ора Капитал, американскиот инвестициски фонд Eквинокс партнерс, Инвестек банка и менаџерски тим и одбор на директори со повеќе од 200 години заедничко искуство во рударскиот сектор .

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе