Групацијата Балфин – стабилен партнер и најголем работодавач дури и во време на пандемија

Скопје ист гејт и Нептун Македонија, како дел од Балфин групацијата заедно вработуваат повеќе од 500 лица и оваа бројка ќе расте.

„Скопје Ист Гејт“ и „Нептун“ Македонија, како дел од БАЛФИН, заедно вработуваат повеќе од 500 лица и оваа бројка ќе расте

Групацијата Балфин, една од најзначајните инвестициски групации во регионот, присутна во Македонија преку две исклучително значајни компании – Скопје ист гејт и Нептун – имаше успешна година дури и во тешките услови што ги наметна пандемијата на ковид-19. Компаниите и групацијата во целост се вратија во нормално темпо набрзо по пролетните затворања, ги задржаа своите вработени, дури овозможија и нови вработувања. И најважно, обезбедија стабилност и сигурност за вработените, како и за своите партнери.

„Минатата година, со сета своја тежина, ни даде можност да ги тестираме нашите капацитети и флексибилноста и да сфатиме дека нашата компанија е подвижен ентитет со лојални и посветени вработени. Во последните месеци се усовршувавме на полето на грижата за корисници и се обидовме подобро да ги разбереме потребите на нашите потрошувачи и да ги задоволуваме нивните потреби побрзо и подобро од претходно. Многу од нашите услуги ги префрливме на дигиталните канали, во согласност со условите што ги наметна ковид 19, па онлајн-продажбата бележи сериозен раст и ќе продолжи да се унапредува бидејќи е важен сегмент од нашата севкупна продажба. Пандемијата создаде нови начини на однесување и многу млади луѓе се насочуваат кон онлајн-купување. Ние сме подготвени да го прифатиме предизвикот и да им обезбедиме врвно купувачко искуство и поддршка на потрошувачите“, вели Никола Митревски, координатор за корпоративен маркетинг во „Нептун“.

Никола Митревски, координатор за корпоративен маркетинг во „Нептун“

Следејќи ги трендовите што ги наметна новото нормално, компанијата ја задржа стабилноста.

„Главен двигател на процесите во „Нептун“ се вработените. Токму затоа секогаш одвојуваме ресурси за нивното лично и професионално унапредување. Ние сме компанија што инвестира во своите вработени, посветени сме на нивниот раст, знаење и перформанси, со цел да бидат среќни на работното место, биејќи среќни вработени значат и задоволни потрошувачи“, посочува Митревски.

Средината се менува на подобро секаде каде што инвестира групацијата Балфин. Позитивните трендови се чувствуваат и во нашата земја. Ист гејт мол (East Gate Mall), првиот сегмент од најголемиот мултифункционален комплекс во регионот, Скопје ист гејт (Skopje East Gate), наесен ќе ги отвори своите врати за јавноста. Компанијата, која е дел од групацијата Балфин, успеа да го задржи темпото и неодамна објави дека нема да има одложувања на отворањето. Извонредна бројка од 250 брендови влегува на македонскиот пазар преку Ист гејт мол. Секој од нив ќе биде нов даночен обврзник и ќе донесе сопствени инвестиции во продавниците, секоја од по 1.500 квадратни метри. Се очекува закупците на Ист гејт мол да вработат повеќе од 2.000 лица, како и дополнителни стотина во сервисните претпријатија кои ќе работат на одржување на објектот“, објави менаџментот.

Од првиот момент на пандемијата, главен фокус на групацијата Балфин во поглед на човечките ресурси беше заштита и зачувување на вработените.

„Минатата година беше сè само не обична година за „Скопје ист гејт“. Предизвиците што дојдоа со таканареченот „ново нормално“ мораше да бидат решавани брзо и понекогаш со неконвенционални методи. Сепак, успеавме да го одржиме темпото на изградба. Кон средината на минатата година успеавме да го затвориме и финансирањето на молот со потпишувањето на најголемиот синдициран заем за финансирање на изградба на недвижен имот во Македонија. Изградбата продолжи во 2021 година со уште поголем интензитет и Ист гејт мол ќе биде подготвен за отворање наесен – велат од „Скопје ист гејт“.

Оттаму нагласуваат дека без оглед на тешките услови, темпото на изградба ѝ овозможило на компанијата не само да ги задржи вработените туку и да го удвои нивниот број изминатата година.

„Нашата компанија во моментов брои 35 вработени, врвни професионалци во својата област. Индиректно во процесто на изградба создадовме работа за повеќе од 1.000 градежни работници и инженери вклучени во развојот на проектот. Дополнително, секој бренд или проект – Ист гејт мол, Ист гејт ливинг и Ист гејт бизнис – ќе имаат своја сопствена администрација и организациска структура, и дополнително секој од нив ќе вработува по десетина лица вработени во процесот на изградба и во продажба на имотите“, велат од СЕГ.

Од првиот момент на пандемијата, главен фокус на групацијата БАЛФИН во поглед на човечките ресурси беше заштита и зачувување на вработените

„Скопје ист гејт“ и „Нептун“ Македонија, како дел од Балфин, заедно вработуваат повеќе од 500 лица и оваа бројка ќе порасне со отворањето на „Ист гејт мол“, со почетокот на втората фаза од проектот – изградбата на комплексот Ист гејт ливинг, како и со отворањето на најголемата и најмодерна продавница на „Нептун“ во молот.

Од првиот момент на пандемијата, главен фокус на групацијата Балфин во поглед на човечките ресурси беше заштита и зачувување на вработените, кои работат во различни области – градежништво, развој и менаџмент на недвижности, туризам, големопродажба и малопродажба, енергетика, минерална индустрија, банкарство... Сега, кога се гледа малку светлина на крајот на тунелот, речиси 6.000 работници, колку што вработува групацијата во сите земји каде што е присутна, сè уште ги имаат своите работни места независно од проблемите што се присутни на сите пазари. Групацијата се стреми кон натамошен развој на проекти и кон креирање работни места во сите земји од Југоисточна Европа каде што е присутна.

„Работењето од дома, иако е вообичаена практика меѓу ИТ-професионалците и фриленсерите, доби широка примена како последица на ковид 19 и во сите други области. Во повеќето случаи не беше прифатено без страв и несигурност во поглед на ефектите. Иако на почетокот се соочивме со предизвици, вложивме многу во онлајн средбите со вработените, со цел да останат поврзани, и се покажа дека за дел од активностите на овој начин се заштедува многу време и дека некои вработени го претпочитаат овој начин на работа. Како и да е, работата од дома не може да го надомести контактот лице-в-лице. Врз основа на искуството и на сериозно истражување, може да се каже дека сега сме многу пофлексибилни и подобро опремени за да се справиме со надворешните околности и со преференциите на вработените за да обезбедиме максимална продуктивност“, вели Ана Костовска, менаџерка за човечките ресурси во „Нептун“.

Ана Костовска, менаџерка за човечките ресурси во „Нептун“

Со цел да ги селектира најдобрите вработени и да овозможи лично и професионално унапредување за сите, групацијата Балфин создаде специјални програми – „Talent Pool“ и Академија за обуки. Првата им овозможува на талентираните вработени да напредуваат во кариерата и да бидат промовирани до менаџерски позиции. Втората обезбедува континуирано унапредување на знаењата и вештините, размена на искуства и градење професионални вредности кај вработените.

„Компаниите на Балфин во сите земји каде што се присутни претставуваат неоспорни примери за работодавачи. Ова се постигнува со усвојување на современи ХР-практики кои придонесуваат вработените да бидат задоволни и вклучени во своите компании. Современите политики и процедури во однос на човечките ресурси се изградени над вредностите на групацијата и ги промовираат тие вредности, што води до цврста корпоративна култура, што пак придонесува за високи перформанси. Трите столба на нашата стратегија за човечки ресурси се: талент менаџмент, искуството на вработените и извонредност на човечките ресурси. Нашиот фокус е привлекување на најголемите таленти на пазарот, градење вештини и менаџерски капацитети кај постојните вработени преку континуирано инвестирање во обуки и програми за развој, како што се Talent Pool и Академијата за обуки. Целта е да се осигури дека Балфин ги применува највисоките стандарди на управување со талентите што ја зајакнуваат културата на вклученост на вработените и ја максимизираат продуктивноста. Во однос на искуството на вработените, целта е да се создаде исклучително работно место што нуди извонредно работно искуство за вработените. Балфин се стреми да ги зајакне и стратешката улога на човечките ресурси и влијанието врз бизнисот што произлегува од секторите за човечки ресурси, синергијата и технологијата. Нашата цел е да обезбедиме примена на највисоките стандарди на HR-практики и резултати кои го максимизираат влијанието врз бизнисот“, објаснува Елвин Носи, директор за човечки ресурси во групацијата.

Елвин Носи, директор за човечки ресурси во групацијата БАЛФИН

Македонските компании под капата на Балфин не се исклучок од високите стандарди. Една од потврдите за тоа е и признанието што го доби Костовска, која лани беше прогласена за најдобар менаџер за човечки ресурси за 2019 година од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси.

„Внимателно го набљудуваме пазарот на трудот, се стремиме да ги имаме најдобрите професионалци од секое поле, го слушаме мислењето на вработените преку различни анкети и во директна комуникација и континуирано ги развивме луѓето во компанијата овозможувајќи им усовршување и раст. Продолжуваме да се движиме и да се унапредуваме“, вели таа.

Легенда под Главна слика

„Скопје Ист Гејт“ и „Нептун“ Македонија, како дел од БАЛФИН, заедно вработуваат повеќе од 500 лица и оваа бројка ќе расте

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе