Состанок во РКЕ со Организацијата на потрошувачи

Граѓаните преку сметките не ја плаќаат и украдената струја, уверува Бислимоски

„Потрошувачите треба да знаат дека плаќаат само за она што го потрошиле. Регулаторната комисија за енергетика не ги признава кражбите на електрична енергија во крајната цена што ја одредува и тие се на товар директно на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје. Доколку некој потрошувач има добиено сметка која има отстапување од реалната состојба, може самостојно да го отчита броилото и да ја пријави состојбата, по што ЕВН хоме е должен веднаш да издаде нова корегирана сметка со реална состојба“, изјави претседателот на Регулаторна комисија за енергетика.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски заедно со заменик-претседателот Енвер Елмази и комесарите одржа состанок со претседателка на Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ) Мирјана Лончар Велкова, на кој, како што информира РКЕ, се отвори и прашањето во врска со висината на т.н. мрежарина која во одредени сметки е поголема во однос на енергијата.

Бислимоски посочи дека потрошувачите на електрична енергија отсекогаш плаќале за користење на електропреносниот и електродистрибутивниот систем.

„До 30 јуни 2022 година, трошокот за користење на електропреносниот и електродистрибутивниот систем беше вклучен во цената на електрична енергија. Имајќи го ова предвид, како и обврските од законодавството на Европската Унија за поголема транспарентност на цените РКЕ, на 27 јуни 2022 година донесе Тарифен систем за продажба на електрична енергија со што се направи поделба на вкупниот надоместок за испорачана електрична енергија на: надомест за електрична енергија, пренос и дистрибуција. Оваа поделба на вкупниот надомест ЕВН хоме го пресликува во фактурата за испорачана електрична енергија за секој потрошувач, со цел секој да има увид кој износ го плаќа и за што го плаќа“, истакна Бислимоски.

Од ОПМ посочија повеќе случаи кои стигнале до нив во врска со сметките за електрична енергија каде што износот за надоместокот за дистрибуција на електрична енергија е поголем од надоместокот за потрошена електрична енергија. Претседателот Бислимоски објасни дека тоа е така зашто одредени домаќинства кои внимаваат на потрошувачката и ја имаат насочено во ниска, евтина тарифа, трошат електрична енергија која е далеку пониска и изнесува 10 евра за мегават час, додека трошоците за мрежарина се исти и во висока и ниска тарифа.

„ОПМ укажува дека граѓаните реагираат на фактурите за електрична енергија поради двојна пресметка на деновите опфатени во две последователни фактури каде во наредната се јавуваат повторно истите денови за кои претходно е фактурирано. Иако ЕВН објаснува дека граѓаните треба да го гледаат пресметковниот период на втората страна од фактурата (во делот на детални информации), од ОПМ напоменуваат дека пресметковниот период треба да е идентичен односно да не се доведуваат во заблуда со различно претставени пресметковни периоди во една фактура и се надеваат дека ЕВН ова ќе го исправи“, информира РКЕ.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе