Прес-конференција на СДСМ

Граѓаните плаќаат 20 проценти од потрошената струја, рече Чаракчиев

„Домаќинствата за сметките за струја плаќаат само 20 отсто, а 80 отсто од цената се субвенционира од страна на државата, што е клучно за поддршка на стандардот на граѓаните во ваква криза. Се подготвуваат и нови антикизни мерки. Со ребалансот на Буџетот веќе се обезбедени 76 милиони евра за антикризни мерки кои што како пакет се подготвуваат за четвртиот квартал оваа година“, рече на прес-конференција пратеникот од СДСМ Коле Чаракчиев.

Прагеникот нагласи дека во пресрет на очекуваната тешка зима, како последица на најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна, започнува реализација на мерките за штедење на електрична енергија.

„Со овие мерки потрошувачката на струја во институциите ќе се намали за 15 отсто, со што се очекува заштеда на електрична енергија од 19,5 милиони киловат-часови за шест месеци. Во време на криза неопходно е одговорно однесување и рационално трошење на струјата и енергенсите од сите нас. Со предизвиците во однос на глобалната енергетска криза се справуваат надлежните институции и Владата, кои преземаат мерки за заштита на стандардот на граѓаните и компаниите во овие тешки услови. Ја одржува стабилноста на енергетскиот сектор, максимално го зголеми производството на електрична енергија во дадениот момент и силно ја субвенционира цената на струјата за граѓаните“, рече Чаракчиев.

Според него, тоа е голема разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски кога цената на струјата, како што нагласи, е зголемена за 100%, а се набавувала струја за три до четири пати по повисока цена од пазарната.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе