Над 300 претставки АЕК во првите 9 месеци од годинава

Граѓаните најмногу се жалеле од Македонски телеком и А1

Во првите девет месеци од годинава до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) биле доставени 332 претставки од граѓани, 132 помалку отколку во истиот период лани. Во првото тромесечје имало 165 претставки, во второто 79, а во третото 88.

Во овој период најмногу претставки имало за двата големи телекомуникациски оператори – Македонски телеком и А1.

„Од страна на корисниците на услугите на Македонски телеком  во АЕК се пристигнати 180 поплаки, а за А1 имало 113. За Телекабел Роби имало вкупно 6 претставки, по 2 во секој квартал, за Неотел -3, исто толку и за Тотал ТВ, 2 биле за ИП Систем, а 25 претставки биле за останати даватели на телекомуникациски услуги“, информираат од АЕК.

Граѓаните најмногу се жалеле за услугите во мобилната телефонија и тоа најмногу на оние кои се однесуваат на говорен мобилен за што во АЕК во овој период пристигнале 51 претставка. Со поплаки за мобилниот интернет до Агенцијата се обратиле 19 граѓани. Вкупно 30 претставки имало и за проблеми со преносливост на броевите, односно за можноста корисникот да се префрли од еден на друг оператор. Во деветте месеци имало и 7 претставки за услуги во роаминг и тоа 3 за говорен и 4 за интернет во роаминг. За фиксната телефонија, пак, имало 17 претставки - 6 за фиксна телефонија и 11 за фиксен интернет.

Најголем дел од поплаките на граѓаните се однесувале на висината на сметките, односно наплатени услуги кои граѓанинот смета дека не ги добил.

Од сите пристигнати приговори АЕК, целосно или делумно, има усвоено 55. Одбиени се 85, додека 48 се отфрлени поради ненавременост, ненадлежност и слични причини.

Агенцијата за електронски комуникации е втора инстанца до која се обраќаат граѓаните за проблемите со телекомуникациските оператори. Првично, тие законски се должни приговор да поднесат до опараторот кој има обврска да им одговори во рок од 15 дена. Доколку нивниот приговор опараторот го отфрли како неоснован, корисникот на услугите може да се обрати до АЕК со поднесување документација (приговорот до операторот, неговиот одговор и друго). Агенцијата за добиениот приговор од корисникот го информира операторот за кого се однесува преставката, кој во рок од 15 дена треба да достави одговор.

Решението кое низ утврдена постапка ќе го донесе Агенцијата е конечно, но операторот или граѓанинот има можност да го обжали во судска постапка.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе