Државeн завод за статистика

Граѓаните користат интренет најмногу преку телефон

Во Македонија 79,3 отсто од домаќинствата во првиот квартал од годинава имаат пристап на интернет од дома, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Податоците покажуваат учеството на домаќинствата според типот на населеното место со фиксен широкопојасен интернет во вкупниот број домаќинства e 70,4  отсто во 2018 година.

Во првото тримесечје од 2018 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 79,2 отсто, а 68,7 отсто го користеле секој ден или речиси секој ден.

Мобилниот телефон или паметниот телефон биле најкористени средства за пристап до интернет кај корисниците на интернет во овој период, а најмногу 91,8 отсто кај лицата на возраст од 15 до 24 години.

Статистичките податоци покажуваат дека 74,9  отсто од лицата користеле компјутери, лаптопи, паметни телефони, таблети или други преносливи уреди на работа, 31,6 отсто од лицата кога било употребиле интернет, нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци, а мнозинството 54,9 отсто од нив купиле облека или спортска опрема.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе